Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Валенсија го продолжи договорот со Димитриевски до 2028-ма година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Валенсија го продолжи договорот со Димитриевски до 2028-ма година
СПОРТ

Валенсија го продолжи договорот со Димитриевски до 2028-ма година

Објавено June 4, 2026 20:53
Сподели
Сподели

Голманот на македонската фудбалска репрезентација Столе Димитриевски ќе остане во редовите на Валенсија до јуни 2028 година, откако шпанскиот прволигаш објави попладнево дека ја искористил опцијата за продолжување на соработката за уште две сезони.

Димитриевски дојде во Валенсија во 2024 година и откако подолг период беше резервен голман, на средина од изминатата сезона се избори за место во почетниот состав, одигрувајќи 33 натпревари во Ла Лига и шпанскиот Куп.

„Неговото искуство и цврстина меѓу стативите придонесоа за конкурентскиот раст на тимот и подобрените резултати во втората половина од минатата сезона, одржувајќи пет натпревари без примен гол, што резултираше со пет победи (Хетафе, Леванте, Осасуна, Севиља и Атлетик Клуб)“. Се наведува во клупското соопштение.

Триесетидвегодишниот македонски голман ја почна кариерата во скопски Работнички по што се пресели во Шпанија настапувајќи за Гранада, Кадиз, Гимнастик и Рајо Ваљекано.

„Отсекогаш велев дека сакам да играм за голем клуб кога пристигнав во Шпанија, а Валенсија е еден од најголемите. Многу сум среќен и воодушевен што продолжувам“, изјави Димитриевски за клупскиот сајт. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Загинаа четворица по пад на мал авион кај Пула во Хрватска
Следна Статија Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на Обединетите нации

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

(ВИДЕО) Кај си „стари“: Федерер го изненади Ноле во Шангај

Мастерсот во Шангај влегува во самата завршница, а денеска Новак Ѓоковиќ избори пласман во полуфиналето совладувајќи го Чехот Јакуб Меншик…

October 11, 2024
СПОРТ

Eве колкави се премиите за медал на ЗОИ

Сингапур го освои првото место на ранг-листата на земји кои ќе им платат на спортистите најголема сума за освојување на…

February 11, 2026
СПОРТ

Што бара Јужна Африка на СП?

Мексиканскиот напаѓач Хулијан Кињонес, кој синоќа го постигна првиот гол на Светското првенство 2026, ги пофали своите соиграчи и навивачите…

June 12, 2026
СПОРТ

Македонските ракометари денеска одмараат пред утрешниот меч со Катар

 Македонската ракометна репрезентација одигра нерешено 29:29 со Австрија во првиот натпревар од Главната рунда на Светското првенство 2025. Избраниците на…

January 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?