Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вечер е Стара нова година, а утре Обрезание Господово и Василица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Вечер е Стара нова година, а утре Обрезание Господово и Василица
МАКЕДОНИЈА

Вечер е Стара нова година, а утре Обрезание Господово и Василица

Објавено January 13, 2026 09:55
Сподели
Сподели

Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечер ќе ја пречекаат Стара нова година, која почнува утре на Василица (1 / 14 јануари).

Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден. На семејната трпеза се крши погача со паричка, а се верува дека на оној што ќе му падне, годината ќе му биде среќна и бериќетна.

По повод празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија.

Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

Покрај Македонската православна црква, според Јулијанскиот календар, верските празници ги слават и Руската и Српската црква, Ерусалимската патријаршија и монасите на Света Гора. За разлика од нив, по Грегоријанскиот календар се водат Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква.

Инаку, Црквата си има свое празнување и почеток на Новата година, но тоа се случува на 1 / 14 септември.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ново зголемување на цените на горивата
Следна Статија МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов за прегазената жена во Капиштец

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Јаневска за ТИМСС тестирањето: Резултатите се лоши, но се доказ дека на образовниот систем му се потребни промени

Резултатите од ТИМСС тестирањето се лоши и за жал, ова не е новост. Но, тие се и доказ дека на…

December 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мајката на Вања продала стан па си купила возило и „затворила“ кредити

Во врска со продажбата на еден од становите, Зорица Ѓорчевска на денешното сведочење рече дека го продала за 83 илјади…

October 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Времето ќе покаже кој ја кажувал вистината, парите од ЕУ се доказ на напредок

Спроведувањето на реформите на една Влада не е прашање на субјективна перцепција, туку на мерливи резултати, оценува македонскиот министер за…

April 29, 2026
МАКЕДОНИЈА

На СОС линијата „АлоБушавко“ деца бараат помош од самоубиствени мисли

Децата и младите не се во целост заштитени и има многу повеќе што да се направи и во однос на…

May 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?