Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > (ВИДЕО) Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“
ЗДРАВЈЕ

(ВИДЕО) Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“

Објавено May 13, 2026 19:09
Сподели
Сподели

Градската општа болница „8 Септември“ доби целосно реновиран оперативен блок со инвестиција од 12 милиони евра преку ТАВ-програмата. Со реконструкцијата се опфатени седум специјализирани операциони сали, одделите за интензивна нега и за патологија, административни кацеларии, покривната конструкција, клиничките лаборатории и придружните простории.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека станува збор за значаен проект за македонското здравство бидејќи добиваме најмодерен регионален објект и оти, како што вели, вакви услови северно до Виена нема.

– Пред да се случи реконструкцијата во операционите сали се влегуваше со чадор. Кога врнеше, покривот течеше. Она што сега не можете да го видите, а исто беше опфатено со реконструкцијата, е целосната обнова на покривната конструкција, каде што се сместени клима-коморите, кои обезбедуваат третитран воздух со сите параметри – влажност, чистота, итн., но исто така и делот во кој се чилерите и другата електромеханичка опрема во подножјето на објектот. Кога сето тоа ќе се заокружи, ќе ја добиеме целината, која е нешто модерно и современо, што не постои во регионот и за кое како граѓани треба да се гордееме – рече Мицкоски.

Директорот на ГОБ „8 Септември“, Синиша Стојаноски, посочи дека по неколку децени, болницата има комлетно реновиран оперативен блок како капитален проект што ќе остане за идните генераци.  Најави дека реновираниот дел ќе се користи откога ќе се спроведат активности за дезинфекција на објектите и обука на вработените и ќе се добие употребна дозвола од надлежните институции.

– Оперативниот блок ќе овозможи можеби и преполовување на листите за чекање доколку имаме персонал поради што мораме кадровски да се екипираме – рече Стојаноски посочувајќи дека треба да се направи регионализација на услугите со ротација на персоналот, екипирање на центрите надвор од Скопје.

Министерот за транспорт Александар Николоски истакна дека се завршува огромен проект од значење не само за Скопје туку и за целата држава.

– Се работи за врвна здравствена институција, во која, по оваа реконструкција, ќе може да се добијат најдобрите здравствени услуги – рече Николоски, кој сподели дека идејата за пренамена на средствата од ТАВ-програмата за оваа болница била на премиерот Мицкоски.  

И министерот за здравство Азир Алиу потенцира дека ГОБ „8 Септеври“ добива инфраструктура по светски стандарди.

– Ова не е само реконструкција на ѕидови, туку на начинот како ги креираме и планираме политките во здравството – рече Алиу.

Според генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Неџат Курт, сите операциони сали и простории за интензивна нега се опремени со најсовремена опрема и се во согласност со најновите медицински стандарди и препораките на Светската здравствена организација.

– Веруваме дека секој пациент заслужува достоинствени услови за лекување, а секој здравствен работник заслужува современи услови за работа. Со оваа поддршка сакаме да придонесеме токму за тоа – подобра грижа, поголема ефикасност и повисок квалитет на здравствените услуги – рече Курт.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кузеска: Половина од коалицијата на Мицкоски има бугарски пасоши, а глумат патриоти пред народот
Следна Статија Червар: Чест ми е што доаѓам во клуб со толку голема традиција и историја

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Лекарите одлучиле да не се оперира пациентот кој почина на Кардиохирургија, вели Таравари

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) нема констатирано недостатоци согласно надлежностите и се предлага постапка за стручен надзор до министерот…

April 16, 2025
ЗДРАВЈЕ

Првпат во Македонија изведена хируршка интервенција кај дете со ретка конгенитална деформација

На Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) прв пат во Македонија е…

December 13, 2025
ЗДРАВЈЕ

Шест нови случаи на Ковид-19 во Македонија, постои ризик од раст на активноста на вирусот

Шест нови позитивни случаи на Ковид-19 се евидентирани од 6 до 12 јануари. По два случаја се регистрирани во Куманово…

January 13, 2025
ЗДРАВЈЕ

Помалиот син на премиерот Христијан Мицкоски е хоспитализиран, тој е едно од затруените деца во „Димо Хаџи Димов“

    Помалиот син на премиерот Христијан Мицкоски е хоспитализиран, тој е едно од затруените деца во „Димо Хаџи Димов“…

November 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?