Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Електродистрибуција по невремето: Санирани се 90% од дефектите, без струја беа над 2.300 трафостаници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Електродистрибуција по невремето: Санирани се 90% од дефектите, без струја беа над 2.300 трафостаници
МАКЕДОНИЈА

Електродистрибуција по невремето: Санирани се 90% од дефектите, без струја беа над 2.300 трафостаници

Објавено July 22, 2026 20:32
Сподели
Сподели

Вчерашното силно невреме предизвика сериозни оштетувања на средниот и нискиот напон на електродистрибутивната мрежа низ повеќе градови во државата.

Поради оштетувања и неколку стотици паднати столбови, без напон останаа вкупно 2.308 трафостаници на Електродистрибуција.

Според соопштението на компанијата, најпогодени беа делови од Скопје, Куманово, Кочани, Штип, Струмица и повеќе други населени места.

Засилени екипи работеа без престан во тешки услови на терен и успеаја да санираат дури 90 проценти од дефектите.

Од Електродистрибуција информираат за моменталната состојба на теренот:

„Во моментов, на територијата на целата држава, 300 трафостаници се сè уште без напојување, бидејќи паднатата вегетација на многу места целосно го блокира пристапот на нашите екипи и дополнително ја отежнува работата. И покрај тоа, интервенциите на терен нема да запрат сѐ до целосно надминување на настанатата ситуација.“

Од компанијата упатија апел и благодарност до граѓаните за разбирањето за време на санирањето на штетите.

Во нивното соопштение се додава:

„Изразуваме благодарност до корисниците за покажаното трпение и разбирање во овие вонредни околности. Санацијата на секој поединечен дефект е резултат на максималниот ангажман на нашите екипи на терен. Сите капацитети и ресурси на компанијата се ставени на располагање до целосно нормализирање на снабдувањето со електрична енергија до сите корисници.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Арсен во водата во Валандово: На граѓаните им се препорачува да не ја пијат
Следна Статија Како се однесуваат хороскопските знаци на плажа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Митева: Целта е да се трансформираме во дигитално општество

Денешната прес-конференција е посветена на развојната компонента на предлог буџетот во делот на дигитализацијата. Нашата цел како Влада е да…

November 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Посебен сообраќаен режим поради верскиот празник Велигден

По повод верскиот празник „Воскресение Христово-Велигден” од попладне ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на одредени сообраќајници во централното градско…

April 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ќе се повлечам од политиката ако Филипче најде еден мигрант, во спротивно да се извини јавно

Граѓаните треба да знаат каква е состојбата, СДСМ нема тема, притисокот е голем за Венко Филипче од внатре и од…

December 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во локал за 200 луѓе имало 700: Нема да дозволиме Кочани сценарио, безбедноста е прва, тврди Јанчев

Настапот на српската ѕвезда Аца Лукас во Кавадарци бил прекинат поради сериозни безбедносни пропусти, непријавен ангажман и прекршување на правилата…

November 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?