Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот Борис Трајковски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот Борис Трајковски
ЗДРАВЈЕ

Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот Борис Трајковски

Објавено June 8, 2026 17:42
Сподели
Сподели

Владата останува на ставот дека Клиничката болница во Скопје треба да се гради во близина на базенот кај арената „Борис Трајковски“ и оти тоа е најдобро решение.

– Дефинитивно остануваме на ставот дека Клиничката болница во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“. Тоа е земјиште кое е во приватна сопственост. Преговараме со приватниот сопственик и сакаме тука да го направиме сето тоа да може со подземен тунел да се поврзе со актуелната болница 8 Септември. Тука ни е пет-центарот и поликлиниката Букурешт и тоа ќе биде еден целосен заокружен комплекс, рече на денешниот брифинг со новинарите премиерот Христијан Мицкоски.

Тој додаде дека со сопственикот на таа приватна парцела преговараат да се направи трампа земја за земја и да се види до каде ќе се стигне. Досега, како што рече, е задоволен од тоа како течат преговорите.

Мицкоски најави дека продолжува и реализација на изградбата на Клиничката болница во Штип, заедно со медицински факултет и студентски дом, како и Клиничката болница во Тетово и Здравствен дом со проширена дејност во Кичево.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пуштена новата фабрика на „Макрогрес“ од 8,5 милиони евра
Следна Статија Судење за „Пулс“: Хотели се контролирале, дискотеки не – Салиу го оспори својот потпис

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Нов Клинички центар нема да ни треба ако добро го организираме здравстениот систем

Доколку здравствениот систем подобро се организира и пациентите се распределуваат според сложеноста на случаите, во моментов нема потреба од изградба…

May 28, 2026
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Дигитализацијата е еден од клучните столбови за унапредување на здравствениот систем

Министерот за здравство, Азир Алиу, се обрати на свеченото отворање на 21-от Конгрес на лекари на Македонија, кој традиционално го…

September 12, 2025
ЗДРАВЈЕ

Доктор Николов во посета на Гинекологија во Чаир- еден од бисерите на здравствениот систем во Македонија

Денес го посетивме второто најголемо родилиште во земјата – Гинекологија во Чаир. Заедно со пратеничката Емилија Ангелова и советничката во…

December 6, 2024
ЗДРАВЈЕ

Пет пациенти од пожарот во Кочани се враќаат од лекување од Србија

После пет недели лекување во Клиничкиот Центар во Србија денеска петмина повредени од пожарот во кочанската дискотека во подобрена состојба…

April 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?