Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Манев за убиството на Панче: Како што беше легнат Палчо му испука куршум!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Манев за убиството на Панче: Како што беше легнат Палчо му испука куршум!
ХРОНИКА

Манев за убиството на Панче: Како што беше легнат Палчо му испука куршум!

Објавено March 24, 2025 12:03
Сподели
Сподели

Вечерта пред да биде убиен Панче Жежовски, беше среда, дома кај мене дојдоа Видески, а потоа со „кангуто“ и Палчо и Кешишев, раскажа обвинетиот Велибор Манев на прашања на судијата Ивица Стефановски, на денешното рочиште за убиствата на велешкиот пензионер и Вања Ѓорчевска во Кривичниот суд во Скопје.

-Бевме да купиме дизел и бензин со моето возило со Кешишев. Наточивме на Макпетрол на влезот во Велес во големи балони од по десет литри. Го ставивме кај мене во гаража. Следниот ден ги ставивме во Кангуто и отидовме сите четворица пред куќата на Панче. Од мојата до куќата на Панче има околу 600 метри. Првата вечер само гледавме и се вративме пешки до кај мене дома.

Следното утро пак се собрале

Истата екипа се собрале следното утро со себе имале и Мотороли

Јас, Боре и Палчо имале радио станици. Тројцата тргнавме пешки кон куќата на Панче, Кешишев со Кангуто на паркингот кај пругата. Беше пред зора. Не видов дека некој носи пиштол во тој момент. Чекавме до кај 7 и 20 часот. Тогаш Панче рече дека од чекање нема фајде и му рече на Боре да чукне на врата кај Панче. Откако го грабнавме го ставивме во неговата кола. Церада која ја носевме требаше да биде спуштена во дупката. Заминавме кон местото. Цитроенот го возев јас. Кога стигнавме, го однесовме Панче до отворот за да го спуштиме. Како што беше легнат Палчо му испука куршум. Да видов немаше да бидам тука. Од шокот дишев длабоко да не експлодирам а Палевски го турна во дупката. Дупката ја наполнивме со земја еден потоа, пред грабнувањето на наводната жена. Мобилниот од Панче го фрли во долот каде што растат капини. На враќање јас го возев неговиот Цитроен кон Скопје. Го оставивме кај пругата во близина на Кванташки, раскажа Манев.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трагедија во Волково – кираџија го убил газдата, па се самоубил
Следна Статија Мицкоски: Ги оправдувам протестите, но не и политичките глодари кои гледаат шанса за некој поен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Јакимовски на 2 јули оди во Шутка

Едногодишната казна затвор на осуденото лице С.Ј. стапува на извршување во текот на следниот месец, откако надлежниот судија го комплетираше…

June 11, 2026
ХРОНИКА

Пожар во Козле, изгореа куќа и помошна просторија

Пожар избувна ноќеска околу десет минути до два часот на улицата „Јуриј Гагарин“ во скопската населба Козле. Во пожарот е…

September 23, 2025
ХРОНИКА

Татко дивеел на полицијата оти му го запреле малолетниот син кој возел без возачка

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи  запреле  малолетник кој управувал патничко моторно возило, а родителот кого го повикале агресивно…

April 12, 2025
ХРОНИКА

Спасени четири лица откако им се скршил дел од едрилицата во Охридското езеро

На 28.06.2025 во 19.30 часот, во Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека лица од пловен објект…

June 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?