Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Маѓар: Унгарија, засега, не може без руската нафта
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Маѓар: Унгарија, засега, не може без руската нафта
СВЕТ

Маѓар: Унгарија, засега, не може без руската нафта

Објавено April 16, 2026 16:56
Сподели
Сподели

Петер Maџар, лидерот на партијата Тиса, која победи на изборите во Унгарија, изјави дека земјата не може да си дозволи да се откаже од руската нафта во моментов. Тој објасни дека рускиот енергенс е критичен извор на гориво за земјата.

Ова се однесува на снабдувањето преку нафтоводот „Дружба“, кој носи нафта од Русија до неколку источноевропски земји, вклучувајќи ја и Унгарија. Снабдувањето преку оваа рута во моментов е суспендирано, а официјална Будимпешта очекува Украина да го обнови транзитот до крајот на април.

СО ваквиот став, Маѓар ја продолжува исклучително прагматичната унгарска позиција: Унгарија се наоѓа во централна Европа, нема пристап до море и има ограничени алтернативни патишта за снабдување. Затоа, брзата замена на руската нафта е физички невозможна.

Поради затворањето на нафтоводот „Дружба“, земјата беше принудена да користи дел од своите стратешки резерви на нафта, а тие се намалија за приближно 20% во текот на изминатиот месец. Официјална Будимпешта се надева дека нафтоводот ќе продолжи со работа во наредните недели, затоа што во спротивно ќе биде тешко да се обноват резервите.

Затоа, веројатниот нов унгарски премиер, веднаш по изборната победа, призна дека ќе мора да преговара со Русија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од јуни нова железничка линија ќе ги поврзе Прилеп, Битола и Жабени – повратна карта ќе чини 150 денари
Следна Статија Постигнато примирје: Израел и Либан со 10-дневен прекин на огнот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

ВИДЕО: Кражба во Лувр, познатиот музеј итно затворен

Кражба се случила утринава во музејот Лувр, иако деталите се уште се нејасни, француските медиуми известуваат дека тројца маскирани мажи…

October 19, 2025
СВЕТ

Орбан: Влезот на Украина во ЕУ е смртоносен удар за Унгарија

Ако Украина стане членка на Европската Унија, тоа ќе значи помали средства од ЕУ за Унгарија, изјави денеска унгарскиот премиер…

April 24, 2025
СВЕТ

Најнова вест: Aвтомобил удри во толпа луѓе во Лајпциг, станува ли збор за терористички напад?

Автомобил удри во случајни минувачи во центарот на Лајпциг, јави Германската новинска агенција (ДПА). Во инцидентот неколку луѓе се повредени.…

May 4, 2026
СВЕТ

Папата Франциск го донираше „папамобилот“ на децата од Газа

Папата Франциск го донираше својот познат „папамобил“ на децата во Појасот Газа, објави „Ватикан њуз“. Возилото ќе биде претворено во…

May 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?