Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Блиску сме до решение за Изборниот законик кој е дел од Реформската агенда
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Блиску сме до решение за Изборниот законик кој е дел од Реформската агенда
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Блиску сме до решение за Изборниот законик кој е дел од Реформската агенда

Објавено June 23, 2026 14:04
Сподели
Сподели

Сите законски решенија коишто се дел од реформската агенда се во Парламентот, останува уште Изборниот законик, за кој се ближиме до конечно решение, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

По промоцијата на печатени учебници во ООУ „Љубен Лапе“ во општина Аеродром, одговарајќи на новинарски прашања посочи дека на денешната Владина седница има една одлука којашто треба да се донесе во делот на позитивна оцена на работењето на АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ, поврзана со еден чекор околу максималниот процент на количина на електрична енергија што треба да биде доставена до снабдувачот и мислам дека таа ќе се донесе.

Сите оние законски решенија коишто се дел од Реформската агенда се или во Парламентот како резултат на тоа што ние како Влада ги доставивме, или е како група на пратеници амандмански интервенирано. ​Останува уште Изборниот законик. Информиран сум дека се ближиме до конечно решение, така што, јас колку што знам на 26-ти е закажана собраниска седница. Ќе има ден, два, три за фино нивелирање. Рокот е 30 јуни, но сега секогаш искуството вели може и до 15-ти јули. Нормално некои документи да се достават, да се дополнат, да се одземат и така натаму, но еве ајде да речеме 30 јуни. Ние очекуваме повторно да ја потврдиме позицијата дека сме први, како што тоа беше во декември, но ајде да почекаме да видиме каков ќе биде Извештајот од страна на Европската комисија – изјави Мицкоски. (МИА)

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во битолското земјоделско училиште – запишани само три ученици
Следна Статија Mицкоски го информирал НАТО за однесувањето на Бугарија за престојот на неговата сопруга и синот во Пампорово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски тврди дека немало напад врз ексновинарот Владимир Перев

Апсолутно отфрлам дека каков било напад е направен врз ова лице – изјави премиерот Христијан Мицкоски говорејќи за нападот врз…

November 26, 2025
ПОЛИТИКА

АА на Таравари со свои листи за советници, остануваат во коалицијата „Вреди“ и Владата

Централното претседателство на Алијанса на Албанците (АА) на Арбен Таравари по повеќе од три часа дебата одлучи на претстојните локални…

April 16, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Вториот вработен во фирмата со тендри од 9 милиони евра поврзан со УБК на Мијалков и уништувањето на опремата за прислушување

Почитувани, продолжуваме со разоткривање на криминалните тендерски шеми на власта на Мицкоски. Денеска јавноста ќе слушне кој друг е поврзан…

December 1, 2025
ПОЛИТИКА

Каранфилова-Пановска: Погрешните политики на власта го засилуваат иселувањето на младите

Заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, на обраќањето пред младите социјалдемократи на традиционалниот младински камп „Трајче Нешковски“ во Охрид остро…

August 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?