Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муцунски: Водиме кредибилна надворешна политика
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Муцунски: Водиме кредибилна надворешна политика
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Водиме кредибилна надворешна политика

Објавено May 28, 2026 20:19
Сподели
Сподели

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во рамки на седницата за пратенички прашања во Собранието, истакна дека Владата води кредибилна и одговорна надворешна политика, заснована на заштита на националните интереси, достоинството на државата и стратешките приоритети.

Одговарајќи на пратеничко прашање поврзано со евроинтегративниот процес и надворешната политика, министерот Муцунски потенцираше дека Владата води аргументиран и принципиелен пристап во комуникацијата со меѓународните партнери, притоа нагласувајќи дека „нема повеќе отстапки и попустливост што не вродуваат со резултати“.

Во таа насока, тој посочи дека барањето за дополнителни гаранции во однос на европскиот пат на државата е разумна и оправдана позиција, потсетувајќи на јавните ставови на повеќе европски лидери и претставници, меѓу кои и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта и белгискиот министер за надворешни работи, кои ја нагласиле потребата од дополнителни уверувања и предвидливост во процесот.

„Не е точно дека од државата се бараат само уставни измени“, истакна Муцунски, оценувајќи дека суштинскиот проблем произлегува од „непромислените решенија од 2022 година“.

Министерот нагласи дека, и покрај предизвиците, Владата во изминатиот период остварила значајни резултати на меѓународен план, посочувајќи дека државата стана прва во регионот што потпишала Партнерство за безбедност и одбрана со Европската Унија.

Воедно, тој потсети и на потпишаните договори за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, Унгарија и Хрватска, оценувајќи дека тие придонесуваат за зајакнување на меѓународната позиција на државата, но и за економскиот и инвестицискиот развој.

Муцунски истакна и дека државата била „прва во Европа што одржала стратешки дијалог со Соединетите Американски Држави во Вашингтон“, што, според него, претставува потврда за кредибилитетот и активната меѓународна позиција на државата.

Осврнувајќи се на реформскиот процес и европската агенда, министерот посочи дека државата е прва во регионот според исплатата на средства од Планот за раст на Европската Унија, што, како што нагласи, претставува јасен показател за сериозниот пристап кон реформите и европската интеграција.

„Водиме кредибилна надворешна политика, но истовремено и надворешна политика што стои во заштита на нашето национално достоинство и национален интерес“, порача министерот Муцунски. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Студентите во Скопје во октомври ќе бидат сместувани во нови домови
Следна Статија Нов Клинички центар нема да ни треба ако добро го организираме здравстениот систем

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Никој не смее да биде поштеден од одговорност, ова не е време за политички пресметки, рече Венко Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипле, изјави дека трагедијата во Кочани не смее да се користи за политички пресметки кога народот…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

ВИДЕО: Се забели и Водно, прв снег во Скопје

Утрово на врвот на Водно можеше да забележи снег. Студениот бран ги донесе првите снегулки во Скопје оваа есен. Во…

November 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, значително подобрена и состојбата во Дрисла

Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, а целата опожарена површна е затрупана со песок и земја, изјави попладнево директорот на…

September 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: „Сејф сити“ треба да почне да функционира од 1 јануари 2026 година

Системот „Сејф сити“ треба да профункционира од 1 јануари 2026 година, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју…

February 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?