Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На 19 ноември почнува судењето за пожарот во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > На 19 ноември почнува судењето за пожарот во Кочани
МАКЕДОНИЈА

На 19 ноември почнува судењето за пожарот во Кочани

Објавено November 12, 2025 15:41
Сподели
Сподели

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица, а беа повредени околу 200, ќе започне на 19 ноември во судницата на КПУ Идризово. Случајот опфаќа 38 обвинети – 35 физички и три правни лица. Судењето ќе се води со темпо од две рочишта неделно, а првичните термини се закажани за 19, 25 и 26 ноември. Судот ќе преземе засилени безбедносни мерки, вклучително и присуство на лекарска екипа. Надлежните упатија апел до медиумите и јавноста за достоинствено и одговорно известување, без сензационализам, со почит кон жртвите и сите страни во постапката.

На денешниот брифингот со новинарите што се одржа во судницата во Идризово, претседателката на Основниот кривичен суд, Даниела Димовска, истакна дека судот ќе ги обезбеди сите неопходни услови за фер и транспарентна постапка, со апел за почит и достоинство кон сите страни, особено кон жртвите и нивните семејства. Таа нагласи дека судот е исправен пред голема задача и дека е важно да не се подлегнува на сензационализам.

-Во постапката се опфатени 38 обвинети – 35 физички и три правни лица, во два предмети за кои сè уште нема одлука за спојување. Се преземаат безбедносни мерки, а побарана е и лекарска екипа. Оштетените сведоци нема да можат да ја следат постапката до нивното сослушување, рече Димовска.

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски информираше дека обвинителството е целосно подготвено, со проширен тим од 15 обвинители, со цел да не се дозволи одложување на рочиштата. Тој рече дека доказниот материјал е обемен, но нагласи дека постапката ќе биде ефикасна и фер.

-Јавното обвинителство ќе преземе сѐ во рамки на своја надлежност и нема да дозволиме ниту едно рочиште да биде одложено по вина на обвинителството и затоа донесовме одлука за проширување на обвинителскиот тим, сега, можеби бројот ќе достигне до 15 јавни обвинители со овластувања да постапуваат по предметот. Тоа не значи дека сите постојано ќе бидат во судница. Ќе бидат присутни на првото рочиште, а потоа согласно динамиката ќе бидат присутни тимови на конкретни рочишта, појасни Коцевски.

Претседателот на Адвокатската комора, Љубомир Михајловски, повика на дисциплина и професионалност од страна на адвокатите, со цел да се овозможи непречено одвивање на процесот и заштита на правата на оштетените.

Со оглед на чувствителноста на случајот и бројот на оштетени – над 200 – надлежните упатија апел до медиумите и јавноста да се воздржат од сензационализам и да известуваат со сензибилитет и почит кон жртвите и нивните семејства.

Помеѓу обвинетите кои се товарат за тешки дела против општата сигурност се сопственици на локали, управители, инспектори, градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Брза пруга до Солун, полесна постапка за изградба на хотели се дел од проектите за развој на туризмот по Коридорот 10
Следна Статија Затвореници биле на платен список во „Комунална хигиена“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Миноски: Народ што избира корумпирани политичари не е жртва, туку соучесник!

Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски во објава на „Фејсбук“ зборува за значењето на државотворноста како темелна вредност на секое…

October 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Годинава преку 800 компании се вклучени во дуалното образование

Во просториите на Стопанската комора на Македонија денес се одржа четвртиот национален настан за доделување грантови од страна на Регионалниот…

April 27, 2026
МАКЕДОНИЈА

Во пожарот кај тетовско Желино ангажирани два „ер трактори“

Во пожарот што попладнево изби во атарот на селото Церово во Општина Желино, во моментот, според информациите од Центарот за…

August 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Родителите на починатите од Пулс бараат одговор од Љутков и Лефков за спомен-обележјето за нивните деца

Здружението „16-ти Март 2025 – Кочани“ побара одговори од институциите за реализацијата на спомен-обележјето во чест на жртвите од трагедијата…

June 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?