Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Охрид СОС: Оние на власт, бивши и сегашни допуштаат изградба на хотел во Горица на сметка на светското наследство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Охрид СОС: Оние на власт, бивши и сегашни допуштаат изградба на хотел во Горица на сметка на светското наследство
МАКЕДОНИЈА

Охрид СОС: Оние на власт, бивши и сегашни допуштаат изградба на хотел во Горица на сметка на светското наследство

Објавено March 31, 2025 09:24
Сподели
Сподели

Во извештајот на Реактивната мониторинг мисија (РММ) на УНЕСКО која престојуваше во Охрид минатиот март пишува дека додека мисијата се приближувала кон Охрид, на пошумениот рид Горица забележала уште едно градилиште. Се работи за изградба на уште еден хотел во област која порано беше пошумена, но во која прогресивно се градеа туристички капацитети. Центарот за светско наследство не беше известен за изградбата на овој нов комплекс пред да се донесе одлука за негова изградба, како што налага став 172 од оперативните насоки. Експертите констатираат дека по усвојувањето на Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, градежните активности во Охрид продолжуваат уште поенергично, дури и во области каде што урбанизацијата не смееше да продолжи, како на пример на ридот Горица, се наведува во денешната реакција на граѓанската организација Охрид СОС.

Мисијата побарала информации и ја побарала постоечката проектна документација, вклучително и извршената проценка на влијанието, да бидат доставени до Центарот за светско наследство со цел да бидат анализирани од страна на советодавните тела.

Во април 2024 во извештајот до Центарот за светско наследство и советодавните тела, Охрид ЅОЅ достави подетални информации за хотелскиот комплекс.

„По РММ, во јули 2024 следеше годишната седница на Комитетот за светско наследство од што произлезе одлуката 46 COM 7B.44. Оние седнатите во државните и општински столчиња не ги информираа граѓаните дека во точка 10 Комитетот ја повикува државата членка Македонија да ја запре изградбата во близина на Студенчишко Блато, комплексот Горица Север и Горица 3 сè додека не се направи стратегиска оцена за влијанието врз животната средина и оцена на влијанието врз наследството за секој од проектите. Не го информираа ни УНЕСКО кога во Извештајот за напредокот, условно кажано од 31 јануари 2025 година не напишаа ниту еден збор за било какво постапување во однос на Горица“, велат од Охрид СОС.

Според нив, државата постапува спротивно на преземената и законски обврзувачка Конвенција на светското наследство.

Но, што е законот за шака моќници?! Така, ароганцијата на задолжените во Владата на оваа ‘на ти го – дај ми го’ држава си го допуштила комодитетот да покажат среден прст на Центарот за светско наследство, експертските тела на ИУЦН и ИКОМОС и Комитетот за светско наследство. Бидејќи во оваа небиднина, поважно е да се наполни својот и џебот на Мијалков, Илоски, Усеини…, одошто да се зачува 1,5 милиони години старо езеро. А вие, продолжете мирно да молчите“, се наведува во реакцијата на Охрид СОС.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп: Ако Зеленски не го прифати договорот за ретки минерали може да биде „во голема неволја“
Следна Статија „Пулс“ била во полициските архиви уште од 2022 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

14 години без Киро Глигоров: првиот претседател на независна Македонија

Денеска се навршуваат 14 години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров. Делегација на Собранието, во…

January 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Доаѓа голем снежен бран на Балканот и во Македонија, се очекуваат обилни снежни врнежи!

Под влијание на многу ладен циклон и низок воздушен притисок, секако поврзан со студена воздушна маса од север, а циклонскиот…

December 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најпрвин во западните делови каде ќе бидат пообилни…

October 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Признание од ИНТЕРПОЛ за македонската полиција за учество во глобалната акција LIBERTERRA II

Огромно признание за македонската полиција која рамо до рамо со полициите од преку 116 земји низ светот, успешно, професионално и…

November 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?