Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Партијата на Румен Радев е победник на предвремените парламентарни избори во Бугарија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Партијата на Румен Радев е победник на предвремените парламентарни избори во Бугарија
БАЛКАН

Партијата на Румен Радев е победник на предвремените парламентарни избори во Бугарија

Објавено April 19, 2026 20:57
Сподели
Сподели

Партијата на Румен Радев, Прогресивна Бугарија е победник на предвремените парламентарни избори што се одржаа денеска во Бугарија.

Според првите резултати од излезната анкета во 19:00 часот спроведена од страна на социолошката агенција „Мерка“, презентирани на Бугарското национално радио, Радев води со речиси 24 отсто пред второпласираната ГЕРБ-СДС.

– „Прогресивна Бугарија“ освоила 38,7 отсто од гласовите, ГЕРБ-СДС – 14,8 отсто, трета е „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ со 13,1 проценти, ДПС – Нов почеток 9,2 отсто, Преродба („Вазраждане“ ) – 5,3 отсто и шеста е „БСП – Обединета левица“ со 4 проценти, е распределбата на гласовите за политичките сили според агенцијата „Мерка“.

И според податоците на „Маркет линкс“, во следниот парламент ќе влезат шест партии. Притоа, победник е фаворитот на изборите, „Прогресивна Бугарија“ за која гласале 38,9 проценти од избирачите, втора е ГЕРБ-СДС со 15,4 отсто, трета е ПП-ДБ со 13,6 отсто. Следат „ДПС – Нов почеток“ со 7,5 проценти, „Преродба“ со 5,1 отсто и шеста е „БСП – Обединета левица“ со 4,1 проценти.

До 19 часот, според оваа социолошка агенција, излезноста на гласачите била 47,2 проценти.

Во однос на распоредот на мандатите според мерењата на Маркет линкс, по партии односно коалиции, при вакви резултати од гласањето би бил:

Прогресивна Бугарија – 110 мандати,

ГЕРБ-СДС – 44,

ПП-ДБ – 39,

„ДПС – Нов почеток“ – 21

„Преродба“ – 14 и

12 мандати за „БСП – Обединета левица“ .

Ова се седми предвремени парламентарни избори во Бугарија во последните пет години, што ја одразува нестабилноста и променливата политичка сцена во земјата. Граѓаните денеска повторно имаа можност да го дадат својот глас и да влијаат врз идниот состав на парламентот и насоката во која ќе се движи државата во наредниот период.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скандал во Куманово: Заклучени гости, навреди и хаос по мечот меѓу Струга и Башкими
Следна Статија (ВИДЕО) Осум деца се убиени во пукотница во САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Минималната плата во БиХ се зголемува од 300 на 600 евра

Федерацијата Босна и Херцеговина воведува фискални реформи кои ќе ја зголемат минималната плата на над 600 евра, речиси двојно повеќе…

November 13, 2024
БАЛКАН

Вучиќ: Нема да има граѓанска војна во Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги обвини демонстрантите за насилство синоќа, во услови на бран нови антивладини протести, и рече дека…

August 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски: Очекувам редовни парламенарни избори во 2028 година, но сме подготвени и за предвремени

По конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на партијата и премиер Христијан Мицкоски најави промени во раководството до првата половина на април,…

December 10, 2025
БАЛКАН

Јотова: Палењето на возилата е напад врз Бугарија

Претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, го осуди палењето на двете дипломатски возила пред Амбасадата на Бугарија во Скопје, оценувајќи го…

June 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?