Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пораз на известувачот Вајц: Во извештајот на ЕП за Македонија влезе вториот Протокол на Османи и терминот „заедничка историја“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Пораз на известувачот Вајц: Во извештајот на ЕП за Македонија влезе вториот Протокол на Османи и терминот „заедничка историја“
ПОЛИТИКА

Пораз на известувачот Вајц: Во извештајот на ЕП за Македонија влезе вториот Протокол на Османи и терминот „заедничка историја“

Објавено June 17, 2026 17:48
Сподели
Сподели

Европскиот парламент со 411 гласа „за“, 120 „против“ и 120 воздржани го усвои извештајот на известувачот Томас Вајц за напредокот на Македонија на патот кон Европската Унија.

Европратениците го отфрлија амандманот 3, предложен од Вајц, со кој се бараше бришење на ставот 73 од идната резолуција. Против бришењето на текстот гласаа 338 пратеници, додека 126 го поддржаа амандманот.

Доколку предлогот беше усвоен, во конечниот извештај немаше конкретно да биде споменат Вториот протокол што произлегува од Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија.

Ставот 73 ја повикува Заедничката експертска комисија за историски и образовни прашања да постигне „јасни и опипливи резултати“, темелејќи ја својата работа на „објективни, автентични и докажани историски извори и документи“, во согласност со Вториот протокол. Во текстот е содржан и концептот на „заедничка историја“.

Извештајот на Вајц претходно, на 3 јуни, беше усвоен и од Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, АФЕТ.

На гласањето во Европскиот парламент му претходеше жестока дебата за амандманите поврзани со исполнувањето на обврските на Скопје според преговарачката рамка со Европската Унија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вечна дилема: Зошто жените живеат подолго од мажите?
Следна Статија Ирена Јовева до пола го поддржа Извештајот на ЕП за Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ на плоштадите ќе собира предлози за локалните избори

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски, денеска најави почеток на теренска кампања под мотото „Предложи! Вистинската идеја за вашата општина!“. Во…

August 25, 2025
ПОЛИТИКА

Шест сообраќајни ленти, од кои две за автобуси: Ѓорѓиевски со јасен план за намалување на метежот во центарот на Скопје

Промени во сообраќајната иднина на Скопје, пресврт за централното градско подрачје најави денеска кандидатот за градоначалник за Град Скопје од…

October 9, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски до ДУИ: Добро е што веќе не се занимавате со ретро политики, но лошо е што не ја владеете енергетиката

Добро е што Демократската унија за интеграција (ДУИ) излезе од ретро политиките на политичарите од пред неколку децении и почнаа…

March 25, 2026
ПОЛИТИКА

Објавена фотографија која најавува можна соработка на ДУИ и Левица во вториот круг: Зашто разговараа Муса Џафери и Реџеп Исмаил Хактан

Во просториите на Собранието на Македонија е фотографирана средба помеѓу потпретседателот на НАИ Муса Џафери и пратеникот на партијата Левица,…

October 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?