Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: РКЕ донесе одлука: Ова се новите цени на горивата во Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > РКЕ донесе одлука: Ова се новите цени на горивата во Македонија
ЕКОНОМИЈА

РКЕ донесе одлука: Ова се новите цени на горивата во Македонија

Објавено April 6, 2026 13:28
Сподели
Сподели

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука за определување на малопродажните цени на нафтените деривати во која се вклучени повластената стапка на ДДВ од 10% (освен за мазутот) и намалените износи на акцизите за дизелските фракции од 4 ден/лит и од 2 ден/лит за бензинските фракции.

Од 7.4.2026 година од 00:01 часот максималните малопродажни цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 83,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 98,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 95,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 51,311 (денари/килограм)

Со денешната одлука малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,41% во однос на одлуката од 30.3.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,084%, кај дизелот за 10,137%, кај екстра лесното масло за 11,369% и кај мазутот зголемувањето е за 2,002%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,2756%.

РКЕ им укажува на нафтените компании да продолжат со постојната пракса и да го вкалкулираат обезбедениот попуст од страна на Владата со главниот добавувач ОКТА и да ги намалат малопродажните цени за 3 ден/лит за дизел и 2 ден/лит за бензините, со што ќе овозможат бенефитот од ова намалување директно да го почувствуваат граѓаните.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Артемис II стигна до Месечината, прв прелет со екипаж по Аполо
Следна Статија Утре е голем христијански празник, а ова се обичаите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Цукерберг стана четвртиот најбогат човек во светот

Последните податоци од индексот на милијардери на Блумберг покажуваат дека Марк Цукерберг го зголемил своето лично богатство за неверојатни 73,4…

October 2, 2024
ЕКОНОМИЈА

Од денеска нова авиолинија од Скопје до Прага на „Визер“

На Меѓународниот аеродром Скопје денеска официјално ќе биде промовиран првиот лет од Скопје до Прага на авиокомпанијата „Визер“ со што…

December 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Потпишан трипартитен договор за дигитална инфраструктура за примена на Законот за работно ангажирање на лица

На 30 декември 2025 година во просториите на Управата за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје, беше потпишан Трипартитен договор…

January 1, 2026
ЕКОНОМИЈА

Инженери: Трасата на брзата пруга да не поминува низ просторот резервиран за реализација на проектот „Вардарска долина“

Здружението „Инженери на Република Македонија“ објави дека доставило поднесок до Владата и до Министерството за транспорт, со молба да се…

June 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?