Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Салата на Работнички во Скопје ќе го носи името на Лазар Лечиќ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Салата на Работнички во Скопје ќе го носи името на Лазар Лечиќ
СПОРТ

Салата на Работнички во Скопје ќе го носи името на Лазар Лечиќ

Објавено June 6, 2025 09:49
Сподели
Сподели

Спортската сала на Работнички во “Градски парк“ ќе го носи името на легендарниот Лазар Лечиќ. Ова денеска го кажа градоначалникот на Општина Центар, кој имал средба со поранешни кошаркари на Работнички и токму нив им го пренел овој негов предлог.

Секако и со право ако се знае што Лазо значеше за мак-кошарката, најмногу за Работнички кој под негово водство се издигна во најдобар македонски клуб во времето на екс – СФРЈ како и еден од најдобрите во некогашната земја, секако и сеуште најтрофеен во Македонија.

Инаку Лечиќ почина минатата година на 85 години.

-Во „Апче“, во срцето на Дебар Маало се сретнав со нашите ветерани на Работнички Драган Радосављевиќ, Ристо Ѓорчевски, Томе Димишковски и Огнен Герасимовски. На средбата дискутиравме за славните денови на Работнички, за сегашните состојби и иднината на клубот.

Предложив реконструираната сала да го носи името на Лазар Лечиќ, творецот на македонската професионална кошарка, под чие водство Работнички ги освои титулите во 1963 и 1964 година и се пресели во Првата сојузна лига. Среќен сум што ветераните едногласно го поддржаа предлогот, велејќи дека Лечиќ е човекот што не научи да играме со срце и тимски дух. Во знак на благодарност за сѐ што направија, ветераните ќе имаат и своја ложа наменета токму за нив, напиша на своите социјални мрежи градоначалникот Герасимовски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Најмалку четворица загинати во руските напади врз Киев, соопштија локалните власти
Следна Статија Мерц му подари на Трамп крштеница од дедо му Германец (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

(ВИДЕО) Ноле плачеше во Атина, еве зошто

Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ го победи Алехандро Табило во второто коло на АТП турнирот во Атина, а по…

November 6, 2025
СПОРТ

Јунакот од Палермо се повлекува од репрезентацијата

Голот против Италија во Палермо ќе остане засекогаш запишан во фудбалската историја на македонскиот фудбал, а стрелецот Александар Трајковски по…

March 29, 2026
СПОРТ

31 година без Аиртон Сена

На денешен ден пред 31 година на трката за Големата награда на Сан Марино во Формула 1, животот го загуби…

May 1, 2025
СПОРТ

(ВИДЕО) Навивачите на Вардар меѓусебно се испотепаа на полувреме од дуелот против Шкендија

Место славје, хаос на Запад. Навивачите на Вардар меѓусебно се испотепаа на полувреме од дуелот против Шкендија. Реагираше, пренесе Спорт…

May 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?