Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Скопскиот и охридскиот аеродром меѓу лидерите во регионот – Раст на патници и нови авиолинии
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Скопскиот и охридскиот аеродром меѓу лидерите во регионот – Раст на патници и нови авиолинии
ЕКОНОМИЈА

Скопскиот и охридскиот аеродром меѓу лидерите во регионот – Раст на патници и нови авиолинии

Објавено April 18, 2026 12:16
Сподели
Сподели

Меѓународен аеродром Скопје и Аеродром Св. Апостол Павле Охрид остануваат меѓу водечките аеродроми во регионот, со значителен раст на патници и проширување на мрежата на авиолинии, покажуваат најновите податоци пренесени од специјализираниот портал EX-YU Aviation News.

Според анализите, скопскиот аеродром бележи раст од 32 проценти во однос на истиот период минатата година. Иако од планираните над 390 илјади нови седишта има намалување од околу 6 илјади поради влијанието на конфликтите на Блискиот Исток, аеродромот и понатаму е високо позициониран во регионални рамки.

Во првите месеци од годинава, домашните аеродроми бележат раст од околу 30 проценти по број на патници и околу 20 проценти по број на операции, што, според надлежните, е резултат на владините политики за развој на авиосообраќајот.

Од почетокот на годината воведени се нови авиолинии од Скопје кон Неапол и Будимпешта, како и од Охрид кон Милано и Братислава. Дополнително, во јули се очекува старт на летови од Охрид кон Катовице и Вроцлав, како и од Скопје кон Палермо и Алгеро.

Со тоа, за речиси две години се воспоставени вкупно 24 нови авиолинии кон европски дестинации, што претставува рекорд во проширување на авиомрежата.

Развојот на авиосообраќајот останува меѓу приоритетите на Министерството за транспорт, при што во тек е проект за реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром, со цел зголемување на капацитетите за патници и операции.

Вицепремиерот Александар Николоски изјави дека оваа година се очекува бројот на патници да надмине 3,5 милиони, а во наредната да достигне и до 4 милиони, како резултат на моделот за привлекување нови авиолинии.

Во однос на снабдувањето со гориво, надлежните уверуваат дека состојбата е стабилна и дека авиосообраќајот се одвива непречено, со континуирана координација меѓу институциите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Германски пензионер мора да врати 84.000 евра затоа што не штиклирал едно поле
Следна Статија Кривична пријава за две лица од битолската болница, противзаконски исплатиле скоро 500.000 денари за прекувремени часови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Регулаторна: Бензинот останува со иста цена, дизелот поскапува

РКЕ денеска донесе одлука со која бензинот останува по иста цена, додека нафтата поскапува за 3,5 денари. Највисоките малопродажни цени…

March 23, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Македонија ја завршува модернизацијата на источното крило на Коридор 8

Со изградбата на експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, со реконструкција на обиколницата во Крива Паланка и проширување и…

March 1, 2026
ЕКОНОМИЈА

Делоит врши реорганизација на работните места во САД – еве зошто

Компанијата од Големата четворка им доделува нови работни титули на вработените во САД, според внатрешна презентација

January 23, 2026
ЕКОНОМИЈА

Просечната плата во септември била 41.585 денари

Просечната нето плата во септември достигна 41.585 денари, објави Државниот завод за статистика. Согласно најновите податоци забележан е раст во…

November 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?