Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски за пожарот во Кочани: Во моментов се сослушуваат сведоци коишто се поврзани со кривичниот настан
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски за пожарот во Кочани: Во моментов се сослушуваат сведоци коишто се поврзани со кривичниот настан
МАКЕДОНИЈА

Тошковски за пожарот во Кочани: Во моментов се сослушуваат сведоци коишто се поврзани со кривичниот настан

Објавено May 10, 2025 13:51
Сподели
Сподели

Се преземаат активности по насоки на Јавното обвинителство и колку што сум информиран во моментов се сослушуваат одреден број на сведоци коишто се поврзани со кривично правниот настан, вели министерот за внатрешни Панче Тошковски кој денеска во Штип одговараше на новинарско прашање дали има нови моменти околу истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во којшто животите ги загубија 62 млади луѓе. Тој истакна дека не би имал што друго да додаде, бидејќи истрагата се уште трае.

-Во овој момент истрагата се уште трае се собираат докази, се постапува по насока на Јавното обвинителство, штом има нови моменти јавноста од страна на Јавното обвинителство ќе биде запознаена за сите оние чекори коишто ќе следат во иднина, вели Тошковски.

Министерот за внатрешни работи, Тошковски беше прашан и за истрагите за опожарените возила низ државата, на што тој одговори дека во изминатиот период имало повеќе опожарени возила.

-Во однос на дел истрагата е затворена поднесани се обвиненија, во однос на дел од постапктите коишто се водат во Министерството за внатрешни работи во соработка со Јавно обвинителство се собираат докази, се постапува. Така да за секој предмет за којшто има затворено истрага обезбедени се докази, истите се процесуирани и се надевам дека најбрзо што може ќе се постапи од страна на судовите и ќе се донесат осудителни пресуди за сите оние коишто сториле таков тип на злодело, изјави Тошковски.

Министерот за внатрешни работи, Тошковски денеска во Штип присуство на 14. Годишно собрание на ИПА Македонија, кое е од меѓународен карактер. Забележа дека очекува членовите на Меѓународното полициско здружение-ИПА Македонија ќе разменат искуствата, идеи и програми со гостите кои денеска се во Штип, а се со цел како подобро да соработуваат меѓу себе и како да допринесат во општеството со сите нивни активности.

Претседателот на ИПА Македонија, Игно Стојков истакна дека ова меѓународно здружение е формирано во 1950, а во нашата земја е основано во 2011 година. Членовите се активни, пензионирани и поранешни припадници на МВР, Агенцијата за национална безбедност, Финансиската полиција, ОТА и членови на други безбедносни институции во Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Љубчо Георгиевски: Десет години работев со маркети, но ги затворив – профитните маржи беа ниски
Следна Статија На 38 години почина Драган Лабовиќ, поранешен кошаркар на Карпош Соколи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Утре и задутре општина Битола обезбеди бесплатен превоз до ски центрите на Баба

Општина Битола обезбеди бесплатен превоз до ски центрите на планината Баба, што ќе се реализира утре и во петок. Од…

January 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Томовски: Сите службени возила ќе добијат обележани таблици, ќе воведеме и телефонски линии каде граѓаните ќе ја пријавуваат нивната злоупотреба

Кога влеговме во СОЗР не најдовме ни малку поразлично нешто од другите институции. Начекавме хаотична ситуација, девастирани институции и начекавме…

November 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

В недела избори во четири општини

Државната изборна комисија ги заокружува подготовките за повторените локални избори кои ќе се одржат на 11 јануари (недела). На денешната…

January 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Владата одлучи: Седумдневна жалост на територија на Македонија, вонредна инспекција на сите угостителски објекти

Владата ја започна денешната седница со едно минутно молчење со цел да им се оддаде почит на трагично загинатите лица…

March 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?