Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Обвинителството да го истражи и тендерот за набавка на униформи и сите тендери за кои постојат сомнежи за незаконитост
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Обвинителството да го истражи и тендерот за набавка на униформи и сите тендери за кои постојат сомнежи за незаконитост
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Обвинителството да го истражи и тендерот за набавка на униформи и сите тендери за кои постојат сомнежи за незаконитост

Објавено May 26, 2025 17:13
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска ги повика Јавното обвинителство и останатите институции да го истражат не само тендерот за набавка на униформи, туку сите останати тендери за кои постојат индиции за какви било сомнежи во делот на незаконитост. Тој демантираше дека сопственичката на модното студио, за кое опозициската СДСМ обвини дека е основано непосредно пред распишување на тендерот и е со двајца вработени, е пријателка на неговата сопруга.

-Одговорив и во текот на вчерашниот ден во однос на сите оние детали кои што требаше да се соопштат со јавноста, а за кои што јас сум запознаен. МВР има свои сектори и оддели. Ги повикувам и Јавното обвинителство и сите останати институции и одделите во рамки на МВР да го истражат не само овој тендер, туку сите останати тендери, каде што има какви било индиции за какви било сомнежи во делот на незаконитост, рече Тошковски одговорајќи на новинарско прашање во врска со информациите дека модно студио од Битола ќе добие тендер за набавка на униформи.

Тој денеска за време на посетата на полициската станица во Жеровјане во Брвеница, посочи дека МВР презело се што треба да се преземе, побарало соодветен квалитет да биде исполнет од страна на фирмите во делот на униформите. Како што појасни, одредени услови кои што се побарани во рамки на тендерската документација, а се поврзани со квалитетот на униформите, се исполнети од страна на фирмите. Досега, како што рече, не е нарачана ниту една униформа и не е склучена ниту една договорна нарачка и додаде дека ова е рамковна спогодба која што е склучена, и треба да оставиме да видиме како ќе се одвива овој процес.

-Работата на министерот за внатрешни работи во рамки на неговата позиционираност како делот во владата македонска е јасна. Јас го преземам она кое што треба да го преземам, да се грижам за спроведување и имплементирање на сите оние проекти кои што се од интерес за македонските граѓани, така и ќе продолжам и во иднина. Во однос на она кое што треба да се преземе како Министерство, ве уверувам дека ќе биде преземено како од страна на МВР, така и од страна на сите оние органи кои што треба да си ја сработата работата, рече Тошковски.

Прашан дали е точно дека сопственичката на модното студио во Битола е блиска пријателка на неговата сопруга, тој одговори дека не знае кој е сопственик на студиото и не верува дека кој и да е сопственик е блиска пријателка на неговата сопруга.

-Ниту знам кој е сопственик на модно студио, ниту верувам дека кој и да е сопственик е блиска пријателка на мојата сопруга. Од прашањето што ми го поставувате народот многу добро ќе сфати дека ова е само една од хајките кои што се прават против мене. До сега не верувам дека во историја на Македонија имало две интерпелации за три месеци. против кој било политичар, додаде Тошковски.

На новинарско прашање дали ќе се преземат одредени активности во врска со сомнежи дека постои сива економија на автопатот Тетово-Скопје, Тошковски одговори дека ќе биде информиран за случајот и потоа ќе соопшти детали.

-МВР, како што покажа дека во изминатиов период може да се бори против криминал така ќе покаже и во иднина. Ќе бидам информиран и ќе соопштам детали во јавноста поврзани со истата, рече Тошковски

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Играат на исто сценарио: АЕК еднаш веќе доби одигрување на реванш меч на неутрален терен
Следна Статија Уапсениот во Грција е Ацо Боцевски викан „Циганот“: Беше во бегство од 1998-ма година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Во ауди криел 50 килограми марихуана

Полициски службеници од ОВР Демир Хисар при СВР Битола вчера во близина на село Сладуево, демирхисарско, го лишија од слобода…

October 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Гевгелија ќе се поврзе со Солун за само 30 минути, Николоски откри кога ќе биде готова брзата пруга

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер Александар Николоски денес беше во посета на Гевгелија. -Се надевам дека градоначалникот ќе победи уште…

October 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Прифатлив е процентот од 0,35 отсто од БДП за судиите и обвинителите, како држава за правосудниот систем одвојуваме повеќе од 75 отсто членки на ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека е прифатлив процентот од 0,35 отсто од БДП да се…

November 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кога Папата Франциск ја посети Македонија (ВИДЕО)

Папата Франциск ќе остане запаметен и во нашата историја како прв поглавар на Римокатоличката црква кој ја посетил Македонија. На…

April 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?