Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тренчевска: За две години ВМРО има нула резултати во економијата и животниот стандард
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Тренчевска: За две години ВМРО има нула резултати во економијата и животниот стандард
ПОЛИТИКА

Тренчевска: За две години ВМРО има нула резултати во економијата и животниот стандард

Објавено June 23, 2026 17:24
Сподели
Сподели

Две години лажни ветувања, економски дебакл, влошување на животниот стандард – нула резултати има ВМРО, нагласи потпретседателката и пратеничка од СДСМ, Јована Тренчевска, во емисијата „Топ тема“, на телевизија Телма. Тренчевска посочи дека Владата на ВМРО за овие две години не направи ништо освен што ги донесе во ситуација на уште поголема сиромаштија работниците, младите, пензионерите, социјално ранливите граѓани.

„Нула во реформи, немаме подобрување на животен стандард, немаме зголемување на минимална плата, немаме мерки за млади, немаме поддршка за земјоделците и кога се зборувате за субвенции – субвенциите ВМРО ги намали за 40 милиони евра за разлика од она што беше до 2024 година. Нула во европскиот пат, зголемена потрошувачка кошничка, македонските работници имаат најниска плата во Европа и тоа се фактите“, рече Тренчевска.

Таа додаде дека за две години сериозно е влошен животниот стандард на граѓаните, додека власта неконтролирано се задолжува.

„Имаме сериозно влошување на животниот стандард, имаме сериозно намалени странски инвестиции од 76,1 процент во 2025 година во однос на 2024 година, зголемен јавен долг за над 2,5 милијарди денари, од 8,5 милијарди е зголемен на 11 милијарди. Имаме инфлација кај храната над 10% на дел од производите и многу повеќе. Имаме синдикална кошничка од скоро 70.000 денари, толку чинат најнеопходните месечни потреби за едно четиричлено семејство, имаме минимална плата од срамни 26.000 денари, имаме игнорирање на ранливите категории, никакви, нула, реформи во делот на социјална заштита. Земјоделскиот сектор ни е во колапс“, рече Тренчевска.

Во дебатата Тренчевска додаде дека власта овие две години ги заборави социјално ранливите граѓани, а од ветувањата за нивна поддршка речиси ништо не е исполнето изминатите две години.

„Нула реформи во делот на социјална заштита, во делот на покачување на правата од детска и социјална заштита – иако ветувањата беа дека на секоја година 10% на гарантирана минимална помош ќе има покачување, 20% на правото на попреченост, 30% на правото на детскиот додаток на деца со попреченост, намалување односно ослободување од данок на личен доход кај мајките кои што родиле прво, второ, трето дете“, рече Тренчевска.

Притоа, Тренчевска додаде дека овие две години Владата на ВМРО докажа дека е расипничка влада, буџетската каса е празна, дефицитот на средина од година е истрошен.

„Буџетски дефицит во буџетот за првите шест месеци изнесува толку колку што е предвиден во текот на целата 2026 година. Ниту економијата расте, ниту пак буџетот може сам да ги сервисира дел од долговите, туку на секој долг ВМРО дополнително зема нов и создава уште поголем долг“, рече Тренчевска.

СДСМ Центар за комуникации со јавноста

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вишиот управен суд ја врати концесијата за Иловица
Следна Статија Аболицијата на Иванов била незаконска, одлучи судот во Стразбур

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Почнуваме процес на идентификување нови партнери за соработка за локалните избори

Централниот одбор на СДСМ вечерва на седница треба да го овласти претседателот на партијата Венко Филипче да бара партнери за…

April 29, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски се заблагодари на граѓаните за огромната поддршка и доверба: Скопје гласаше за работа, за визија и за конкретни проекти

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по резултатите од првиот изборен круг се заблагодари на граѓаните за, како…

October 20, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Манасиевски: Весна Дамева сопре постапка за Наќе Ѓорѓиев да стане член на Судски Совет

Недовербата на граѓаните кон правосудниот систем, се должи на поединци во правосудството кои се ставени под хипотеки на други поединци…

November 26, 2025
ПОЛИТИКА

Пешевска: Бевме сведоци како се бираа уставни судии, партиски полтрони, јавни обвинители, резултатите од таквиот начин на избор ги гледаме сега

За реформите во судството ние седум-осум години во Собранието апелиравме многу како пратеници. Јас во тие два мандати учествував во…

February 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?