Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Туристи плаќале и до 20 евра за влез на „Куклите“, тврди жител на Кратово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Туристи плаќале и до 20 евра за влез на „Куклите“, тврди жител на Кратово
МАКЕДОНИЈА

Туристи плаќале и до 20 евра за влез на „Куклите“, тврди жител на Кратово

Објавено June 9, 2026 11:05
Сподели
Сподели

Жителот на Кратово, Марио Станојковски, преку објава на социјалните мрежи алармираше за, како што тврди, незаконска наплата на влез и ограничување на пристапот до локалитетот „Куклите“, еден од најпознатите природни феномени во Македонија.

Во својата објава тој наведува дека повторно бил спречен да влезе на локалитетот, а притоа разговарал и со туристи од Косово кои му кажале дека платиле по 10 евра за влез.

„Куклите кај Кратово се природно богатство кое им припаѓа на сите нас. Јавен простор, создаден од природата и наменет за сите. Денес повторно бев спречен да влезам“, напиша Станојковски.

Според неговите тврдења, косовските туристи му раскажале дека при претходна посета им биле побарани по 20 евра по лице, а им било кажано дека локалитетот е приватна сопственост.

Под објавата следуваа бројни коментари од граѓани кои тврдат дека имале слични искуства. Дел од нив наведуваат дека им биле барани пари за влез, додека други велат дека биле вратени без можност да го посетат локалитетот.

„Денес со сопругата и внукот сакавме да ги посетиме Кратово и Куклите, но наидовме на жена која ни побара пари за влез, тврдејќи дека се работи за нејзин приватен имот“, стои во еден од коментарите.

Друг посетител навел дека од нив биле побарани 240 денари за семејна карта, по што се откажале од посетата и заминале.

Во дел од коментарите се споменуваат и средби со полициски службеници на патот кон локалитетот. Еден граѓанин тврди дека полицајци ги предупредиле за проблемите поврзани со наплатата на влез и им препорачале да се вратат.

Станојковски ги повика надлежните институции и медиумите да излезат на терен и да ги проверат наводите.

„Имам докази. Имам фотографии. Имам видео. Ги повикувам медиумите и новинарите да дојдат на лице место и да го покажат она што јас го гледам секој ден“, наведува тој.

Засега нема официјален став од надлежните институции во врска со овие тврдења. Доколку институциите или лицата на кои се однесуваат обвинувањата достават одговор, истиот ќе биде објавен дополнително.

Локалитетот „Куклите“, познат и како Камени кукли, претставува редок природен феномен во близина на Кратово и е една од најпосетуваните туристички атракции во источниот дел на државата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ослободителна пресуда за таткото на Васил Јованов
Следна Статија Анкети: ВМРО-ДПМНЕ има рејтинг од 25,2 отсто, СДСМ е на 8,6

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Повторно одложено судењето за Веапоска

Родилката од Дебар Јилдиз Веапоска која остана без матка, бубрег и јајник, судницата ја напушти со солзи. Дешното рочиште закажано…

February 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Шансата на малите народи да опстојат е во единството и мудро да се пронајдат во интересите на големите играчи на политичката сцена

Светите Кирил и Методиј, браќата благородни по срце и ум, ни го оставија најголемиот подарок – писмото, словото, гласот на…

May 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Момче се капе во фонтана кај Градски парк (ВИДЕО)

Инстаграм профилот „Патриотско друштво“ сподели видео на кое се гледа како момче се разладува или се капе во фонтаната кај…

August 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

И водата во Василево не е безбедна за користење

Ниту жителите од Општина Василево, кои со вода за пиење се снабдуваат од браната „Турија“, нема да можат да ја…

October 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?