Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Унгарија го забрани увозот на земјоделски производи од Украина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Унгарија го забрани увозот на земјоделски производи од Украина
СВЕТ

Унгарија го забрани увозот на земјоделски производи од Украина

Објавено May 23, 2026 11:53
Сподели
Сподели

Унгарскиот премиер Петер Маѓар донесе одлука со која се забранува увозот на земјоделски производи од Украина, се наведува во негова објава на социјалната мрежа Икс.

Локалниот медиум „Хангари тудеј“ забележува дека во Унгарија веќе подолго време се водат жестоки дебати околу аграрната политика на Будимпешта во однос на украинскиот увоз.

Министерот за земјоделство и храна, Соболч Бона, на социјалните мрежи појасни дека претходната власт го оставила ова прашање во состојба на правна неодреденост. Според него, ограничувањата донесени од владата на Фидес биле поврзани со вонредната состојба, па по нејзиното истекување, претходните владејачки структури направиле пропуст во планирањето и не ги продолжиле мерките со закон.

Бона најави дека кабинетот итно ќе подготви нов предлог-закон со кој ќе се гарантира правната сигурност и заштитата на унгарските производители. Ограничувањата ќе опфатат месни производи (говедско, свинско, јагнешко, овче и живинско месо), како и замрзнат зеленчук и житни култури.

Премиерот Маѓар на 14 мај прогласи крај на вонредната состојба што првично беше воведена во 2020 година од поранешниот премиер Виктор Орбан поради пандемијата од Ковид-19, а во 2022 година беше продолжена поради руската инвазија врз Украина. Будимпешта првпат воведе забрана за украински земјоделски производи во април 2023 година.

По почетокот на војната во Украина, ЕУ повика на формирање „коридори на солидарност“ за да се заобиколи руската блокада на црноморските пристаништа, преку кои претходно се извезуваше украинското жито. Сепак, неколку соседни земји побараа од Европската комисија рестриктивни мерки, со образложение дека огромните количини храна од Украина ги уриваат цените на пазарот и им нанесуваат сериозни загуби на локалните фармери.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп нема да присуствува на свадбата на својот син поради државни обврски
Следна Статија Сиљановска Давкова: Треба да сме горди како единствената држава во којашто Власите се уставен етнички ентитет, рамноправен со другите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

ЕУ е подготвена да помогне во обновата на Сирија која ги штити сите малцинства, објави Фон дер Лајен

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен објави дека ЕУ е подготвена да помогне во обновата на Сирија која…

December 8, 2024
СВЕТ

Велика Британија ќе им дозволи на 16 годишниците да гласаат на сите избори

Владата на Велика Британија денес објави дека планира да овозможи право на глас на 16-годишна возраст на сите избори во…

July 17, 2025
СВЕТ

Кина ги обвини САД за двојни стандарди по објавата на Трамп за нови царини

Кина ги обвини САД за двојни стандарди и се закани со контрамерки по објавата на претседателот Доналд Трамп за дополнителни…

October 12, 2025
ЗАБАВАСВЕТ

Француски моден агент поврзан со Епштајн пронајден мртов

Францускиот моден агент Даниел Сиад, познат по своите врски со покојниот американски финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епштајн, е…

July 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?