Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уставен поведе постапка за нееднаков третман при добивање парична помош за новороденчиња
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Уставен поведе постапка за нееднаков третман при добивање парична помош за новороденчиња
МАКЕДОНИЈА

Уставен поведе постапка за нееднаков третман при добивање парична помош за новороденчиња

Објавено May 6, 2026 21:36
Сподели
Сподели

Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на член 37 став 1, во делот „родено на територијата на Република  Македонија“ од Законот за заштита на децата. За Судот во оваа фаза од постапката, како што информираат од Уставен, клучно е начелото на еднаквост гарантирано со член 9 од Уставот – дете чии родители се државјани на Република  Македонија стекнува државјанство по потекло и по таа основа мора да ги ужива истите права како и сите други граѓани.

-Пред Уставниот суд основано се постави прашањето дека со оспорената одредба се прави разлика меѓу деца родени во државата и деца родени во странство, иако и едните и другите имаат родители државјани на Република Македонија. Според Судот, самото место на раѓање не може да биде основ за ограничување на право кое им припаѓа на државјани по сосема друг основ, односно по потекло – стои во соопштението од Уставен суд.

Во таа насока, Судот изрази сомнеж дека Законодавецот без легитимно и разумно оправдување ги става во понеповолна положба децата родени надвор од државата, со што се повредува уставното начело на еднаквост, но и индиректно се навлегува во слободата на движење на граѓаните.

Судот, земајќи претпоставена ситуација изрази сомнеж во неуставноста на одредбата, односно секоја бремена жена има право слободно да патува согласно својата здравствена состојба, а раѓањето во странство може да биде резултат и на непланирани или предвремени околности, без притоа да постои намера за трајно иселување. Токму затоа, Уставниот суд цени дека местото на раѓање не смее да биде критериум за нееднаков третман на децата на македонски државјани.

Во врска со предметот У.бр. 93/2025 Судот, информира ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 1 и член 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.75/2025).

-Судот по ова прашање веќе одлучуваше на седницата одржана на 18 февруари 2026 година. Согласно член 38 од Актот, Судот оцени дека се исполнети условите за отфрлање на иницијативата, информираат од Уставен суд. Подносител на иницијативата, е Илија Ивановски од Република Србија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп: Доколку Иран ги прифати условите конфликтот завршува
Следна Статија Поранешниот словенечки претседател Пахор паднал од велосипед и заврши во болница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Силно невреме доаѓа во Македонија, поројни дождови, силен ветер и град

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која е поврзана со атмосферски фронт од север со поладен воздух на…

August 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ќе се носи одлука за избор на народен правобранител, ќе се распише и оглас за претседател на ДКСК

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе распише јавен оглас за именување на нов претседател и член…

July 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ангелов: Во моментов најсериозен е пожарот во дојранско Николиќ

Во моментов најсериозен е пожарот во дојранското село Николиќ во близина на границата со Грција. Тоа е пожар кој гори…

July 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Минималните температури од утре ќе се спуштат до 7 степени: Ни доаѓа големо разладување

Времето утре сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, над…

July 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?