Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шукова и Мојсова најавија наплата на паркингот за гости во Карпош
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Шукова и Мојсова најавија наплата на паркингот за гости во Карпош
ПОЛИТИКА

Шукова и Мојсова најавија наплата на паркингот за гости во Карпош

Објавено October 6, 2025 13:27
Сподели
Сподели

Кандидатките за градоначалнички на Скопје и на Карпош од СДСМ, Каја Шукова и Маја Мојсова, од Млечен ресторан денес најавија паметни паркинзи со дигитална наплата во оваа општина. Паркирањето на најголем дел од Карпош е бесплатно, но двете кандидатки за градоначалнички сметаат дека тоа не треба да остане така за да има повеќе места за паркирање на жителите.

„Денска сме во Карпош, општина што секојдневно се соочува со еден проблем, а тоа е паркирање. Сите знаеме како е да кружиме околу зградата по работниот ден барајќи слободно место, а коа ќе ни дојдат гости, уште поголем хаос. Во нашата програма паркирањето и урбанизамот се врвен приоритет. Воведуваме паметни паркинзи со дигитална наплата, зони на периферијата поврзани со јавен превоз и информации во реално време. Преку стратегијата ‘Скопје за сите’ обезбедуваме субвенциониран паркинг за семејствата со ниски приходи, пензионерите, младите невработени и секако лицата со попреченост“, рече Шукова.

Паркирањето таа ветува дека ќе го решава и со посебна стратегија „Скопје 2050“.

„Секој нов урбанистички проект ќе мора однапред да предвиди паркинг, зелени површини и простор за пешаци. Не по изградбата туку какао предуслов. Урбанизмот ќе биде транспарентен. Сите планови ќе бодат достапни онлајн со можност за јавни предлози. Ќе донесеме нов, строг и еколошки Генерален урбанистички план. Во првите две до четири години ќе ја изработиме стратегијата Скопје 2050, долгорочна визија за паметен и одржлив град со мешовити урбани зони и уредени јавни простори“, рече Шукова.

Мојсова се пожали дека денес изгубила многу време за да паркира кај Млечен, како што рече, нејзиното поранешно маало.

„Вртев половна час за да најдам паркинг место за да стасам тука. Сакаме Карпош да ја направиме самоодржлива општина. Што значи соамоодржлива? Тоа значи дека ние ќе стопанисуваме со паркингот, ќе треба да се исцртаат паркинг местата, ќе треба да знаеме точно колку паркинг места има во општина Карпош, но сето тоа ќе мора да биде и со некакво субвенционирање за граѓаните на Карпош, а за посетителите ќе биде со наплата. Тоа значи дека ќе работи по принципот на ПОЦ. Немањето паркинг секогаш е поврзано со неноранлата урбанизација, која во суштина ги прави овие проблеми. Кога ќе се сетам на минатото тука секогаш сум можела да најдам паркинг, сега не. И тоа не е најголемиот проблем, ова е првиот дел кој се граничи со општина Центар, кој е бесплатен и нормално сите посетители кои одат во Центар и кои што треба да плаќаат паркинг, тука наоѓаат бесплатен паркинг. Некако ќе мораме да го решиме тој проблем, граѓаните на Карпош се пред сите граѓани во оваа општина, да си го најдат паркинг местото и да доаѓаат без нервози дома“, рече Мојсова.

Им вети на карпошани дека повеќе урбанизација нема да има во тој дел на општината, односно нема повеќе да дозволува на местото на куќите кои се останати да се прават згради, а не ја исклучи и можноста паркирањето да се решава со монтажна гаража

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Приватните превозници ги исклучија автобусите: Ќе работиме така додека не ни биде исплатен целиот долг од ЈСП
Следна Статија Ѓорѓиевски и Лукровски најавија нов МЕГА парк кај Лепенец

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Милошоски: За прв пат имаме Влада која големи средства вложува во локалната самоуправа

На поткастот „На кавга со Иван“ што се емитува на Канал 5 телевизија, гостуваше пратеникот и член на ИК на…

November 12, 2024
ПОЛИТИКА

Ахмети: Јас ја уништив Југославија

„Нема никој во Македонија кој знае подобро од мене како да прави национализам. Јас ја уништив Југославија и 20 години…

December 23, 2025
ПОЛИТИКА

Митева: СДС и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

Гледам денеска Филипче решил да ме споменува и да прави конфузија во јавноста околу постапувањето и комуникацијата на Владата. Но,…

September 15, 2025
ПОЛИТИКА

Првични резултати на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 51 општина, ВРЕДИ во девет, СДСМ и НАИ во седум, а ДПТ во една

Државната изборна комисија на својата веб-страница почна да ги објавува резултатите од првиот круг на Локалните избори 2025. Од досега…

October 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?