Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Прилеп
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Прилеп
ПОЛИТИКА

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Прилеп

Објавено March 25, 2025 17:07
Сподели
Сподели

„Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува длабока загриженост и го осудува вчерашниот инцидент во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Прилеп, во кој што избеган маж од Психијатриската болница во Демир Хисар пукаше и повреди вработена службеничка. Повикуваме на итна и темелна истрага за да се утврдат околностите и да се лоцира одговорноста за настанот“, изјавува Бобан Јанкоски, член на Извршниот одбор на ЛДП.

Јанкоски истакнува дека безбедноста на граѓаните и вработените во јавните институции мора да биде приоритет и побара зголемени мерки за безбедност во ваквите установи.

„Дополнително, во рамки на заложбите за децентрализација, ќе предложиме центрите за социјална работа да се префрлат под надлежност на општините, со цел да се подобри нивната ефикасност и безбедност. Вработените во овие центри се изложени на секојдневни притисоци, закани и стресни ситуации, што резултира со зголемен број откази од работата“, додава Јанкоски.

ЛДП повикува на системски реформи за да се обезбедат подобри услови за работа и заштита на вработените во овие установи.

Истовремено, Јанкоски во име на партијата изрази поддршка за повредената службеничка и нејзиното семејство, посакувајќи ѝ брзо закрепнување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Наплаќале 24/7 обезбедување на патарини а обезбедувале само прва смена, злоупотреби при јавни набавки во Државни патишта
Следна Статија Комитетот за финансиска стабилност го усвои Годишниот извештај: Финансискиот систем е стабилен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Петар Богојески ќе предава на Воената академија во Скопје

Неколку дена откако објави дека го напушта директорското место во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, за сметка…

June 27, 2025
ПОЛИТИКА

Перински: Отповикување на градоначалник да биде преку референдум

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински.смета дека отповикувањето на градоначалниците што нема да ја извршуваат својата функција би требало да…

October 19, 2024
ПОЛИТИКА

Нема реконструкција на Владата пред локалните избори, изјави Мицкоски

Владата нема да се реконструира пред локалните избори, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција…

April 7, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Во градот Скопје имаме сериозно стабилно советничко мнозинство

Кандидатот за градоаначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски кој оди во вториот круг денеска се сретна со советничкото…

October 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?