Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Азески на работна средба со француската компанија Буиг за поддршка на инфраструктурни инвестиции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Азески на работна средба со француската компанија Буиг за поддршка на инфраструктурни инвестиции
ЕКОНОМИЈА

Азески на работна средба со француската компанија Буиг за поддршка на инфраструктурни инвестиции

Објавено September 10, 2025 14:44
Сподели
Сподели

Во Стопанската комора се одржа работна средба со француската компанија Буиг (Bouygues). Високите претставници на компанијата изразија интерес и подготвеност на Буиг да учествува во изградбата на големи инфраструктурни проекти во Македонија, како изградбата на железницата и клиничките центри.

Компанијата Буиг со диверсифицирано портфолио во секторите градежништво, енергетика, телекомуникации и медиуми, со над 50 милијарди обрт и 200.000 вработени во над 80 држави во светот, со себе носи големо искуство, знаење и доверба. Затоа, Стопанската комора на оваа средба ја изрази својата поддршка и помош за компанијата за започнување на активностите во Македонија.

Домаќин на средбата беше Деловниот клуб за соработка со Франција и франкофонските земји, каде во присуство на францускиот амбасадор, г-дин Кристоф Ле Риголер и регионалниот претставник, шеф на економската мисија за ЗБ со седиште во Белград, г-дин Пјер Гранжуан, беше разговарано и за неколку други иницијативи за соработка со француските компании. За октомври е најавен регионален бизнис форум Франција-Западен Балкан во Белград, на кој се поканети и македонските компании.

На средбата, Стопанската комора и Амбасадата на Франција во РС Македонија разговараа за можностите за продлабочување на економската соработка, унапредување на трговската размена меѓу двете земји, како и за поттикнување на директни инвестиции. Претседателот на Комората, Бранко Азески, истакна дека постои значаен потенцијал за заеднички проекти, и дека француските компании може да ја сметаат Комората и Деловниот клуб за свој партнер во Македонија.

Комората активно работи на создавање поволна деловна клима, олеснување на административните процедури и поврзување на француските компании со домашни партнери.

„Француските компании носат иновации, експертиза и европски стандарди кои се од суштинско значење за развојот на нашата економија,“ изјави Бранко Азески, претседател на Стопанската комора. „Ние сме тука да ги поддржиме преку консултации, бизнис форуми, и конкретни партнерства.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: За прв пат на месечно ниво имаме базична инфлација во негатива
Следна Статија Мицкоски: Време е да се стави крај на злоупотребите на безбедносно-разузнавачките служби

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Дополнетиот предлог на буџетот за 2025 утре на собраниска седница

Во Собранието се очекува утре да почне расправата по Дополнетиот предлог на буџет на Република Македонија за 2025 година, како…

December 9, 2024
ЕКОНОМИЈА

Пазарен инспекторат на терен: Засилени инспекции за „Black Friday“

Државниот пазарен инспекторат ќе врши редовни и вонредни надзори за време на викендот, а посебно внимание ќе биде посветено на…

November 29, 2024
ЕКОНОМИЈА

Шпанија со најголеми приходи од туризмот

Европа пречекала 125 милиони странски туристи во првите три месеци од 2025 година, според Светскиот туристички барометар на Обединетите нации.…

August 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Хотелиерскиот гигант „Македонија турист“ се соочува со значајни промени во сопственичката структура. Доне Таневски, кој досега беше најголемиот акционер со…

November 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?