Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: АЦВ објави повик за кофинансирање обуки на 27 пилоти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > АЦВ објави повик за кофинансирање обуки на 27 пилоти
ЕКОНОМИЈА

АЦВ објави повик за кофинансирање обуки на 27 пилоти

Објавено July 1, 2025 19:48
Сподели
Сподели

Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) денеска објави Јавен повик за кофинансирање на обуки на кандидати за стекнување дозволи од областа на летачките операции за 2025-та. Ќе финансира до 50 проценти од цената на чинење за обуките на 27 кандидати. 

Директорот на АЦВ Драги Стојаноски вели дека Агенцијата презема мерки за надминување на состојбата со сериозен недостаток на воздухопловен персонал. Одлучиле дел од средствата од кои се финансира АЦВ да ги наменат за унапредување на цивилното воздухопловството. 

– Во повеќе наврати на средбите со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, сме ја констатирале како критична состојбата која укажува на сериозен недостаток на воздухопловен персонал во Република Македонија. Разбирајќи ја како наша „обврска” потребата за преземање на конкретни активности за надминување на оваа состојба одлучивме да го искористиме правниот основ кој ни го дава Законот за воздухопловство и дел од средствата од кои се финансира Агенцијата, да ги намениме за „унапредување на цивилното воздухопловството”. Во таа насока предвидените средства за таа намена во буџетот на АЦВ за 2025-та ќе се користат за кофинансирање на обуки на кандидати за стекнување на дозволи од областа на летечки операции, вели Стојаноски во пишана изјава.

Тој појаснува дека Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе учествува со финансиски средства во висина до 50 проценти од цената на чинење за обуки на седум кандидати за стекнување на дозвола за пилот на авион PPL(A), на тројца кандидати за стекнување дозвола за пилот на едрилица, на пет кандидати за стекнување дозвола за пилот на ултра лесни авиони, на 10 кандидати за стекнување на дозвола за пилот на параглајдер и на кандидати за стекнување на дозвола за падобранец.

– Со ова се потрудивме да опфатиме поширок спектар на воздухопловен персонал, дел – обуки кои се основа за понатамошен професионален развој и градење на професионална пилотска кариера и дел на обуки од областа на воздухопловно спортски активности како стимул за досегашните високи резултати постигнати од поединци, тимови и репрезентацијата на европски и светски натпревари,  изјави Стојаноски. 

Покрај тоа што ќе создадеме минимум 27 нови воздухопловци, дополнува Стојаноски, целта на овој проект е да ги раздвижи и обнови активностите во аеро клубовите и спортските аеродроми кои соочувајќи се со финансиски проблеми, нерешени имотно-правни односи, без помош од државата – полека замираат, а кои во минатото беа основата за создавање на персонал кој подоцна го користеле и МО, воздухопловните единици на МВР, СОЗР, ДЗС – пилоти на АТ 802А Fire Boss, како и Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Стојаноски напоменува дека 27 кандидати за воздухопловен персонал во исто време на обука во Република Македонија немало во последниве 25 до 30 години. 

На Јавниот повик за кофинансирање на обуки на кандидати за стекнување дозволи за приватни пилоти, може да се пријават кандидати кои ги исполнуваат услови:те Да се државјани на Република Северна Македонија; Да имаат завршено 4 годишно средно образование;  Да се на возраст од 18 до 30 години; Познавање на англиски јазик минимум ниво Б2; Да се психофизички способни (лекарското уверение ќе се достави само од избраните кандидати пред склучување на Договорот). 

Рокот за пријавување е 15 дена од денот на објавувањето со можност да се повтори доколку нема доволен број на пријавени кандидати.

Критериум за избор на кандидатите кои ги исполнуваат условите се резултатите од тестот што ќе го спроведе Агенцијата (математика и физика). За секој вид на дозвола ќе бидат избрани највисоко рангираните кандидати според бројот
на бодови од тестот, се наведува во повикот. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кос не може да ни даде гаранции ни ако го смениме Уставот
Следна Статија Изгласан буџетскиот „мегазакон“ на Трамп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе влијае врз цената на нафтата и во Македонија

Војната меѓу Израел и Иран ќе има влијанија врз цената на нафтата и во Македонија, смета претседателот на Регулаторната комисија…

June 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Ќе имаме инвестициски бран од 300 милиони евра- историски договор, со историски најниска каматна стапка

Имаме потврда од неколку банки, очекувам најголем дел од банките да застанат позади овој проект, односно овие 250 милиони евра…

November 24, 2024
ЕКОНОМИЈА

АИ бумот додава 500 милијарди долари на нето-вредноста на технолошки милијардери во САД

Илон Маск останува на врвот додека Џенсен Хванг од Nvidia расте во рангирањето поради бран на среќа со вештачка интелигенција

December 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој…

July 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?