Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бензините поевтинуваат од два до 2,5 денари за литар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Бензините поевтинуваат од два до 2,5 денари за литар
ЕКОНОМИЈА

Бензините поевтинуваат од два до 2,5 денари за литар

Објавено March 7, 2025 14:23
Сподели
Сподели

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поевтинува за 2,5, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за два денари за литар, додека цените на другите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 75 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе биде 77,5 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и понатаму ќе се продава за 72 денара за литар, Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) 71,5 денари за литар, а Мазутот М-1 НС за 43,501 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 5,418 отсто, кај дизелот за 3,412, кај екстра лесното масло за 3,198 и кај мазутот за 1,854 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3912 отсто.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Судот во Стразбур со позитивна одлука за случајот „Рекет“- Боки 13 најави кривични против Русковска и Заев
Следна Статија Мицкоски: Кога од опозицијата коментираат со лаги, измислици и навреди, ги загрозуваат нашите стратешки интереси заедно со нашиот стратешки партнер САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Еко-свест бара стоп за „Бошков мост“: Проектот бил спротивен на законите на Маврово

Граѓанската организација Еко-свест упати јавно писмо до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во кое изразува „огромна загриженост“ поради најавите за…

February 2, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Уште се преговара со комерцијалните банки за парите од унгарскиот заем

Домашните компании ќе ги добијат парите од унгарскиоит заем под истите услови под кои беа земени, рече денеска премиерот Христијан…

November 6, 2024
ЕКОНОМИЈА

На 15 септември почна најголемата финансиска криза во модерната економија

На 15 септември 2008 година, светот беше сведок на еден од најдраматичните моменти во историјата на модерната економија – банкротот…

September 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нови ЕУ правила: Пластичните шишиња наскоро ќе претрпат важна промена

Пластичните шишиња наскоро ќе претрпат нова важна промена — по воведувањето на неодвојливите капачиња, следува уште еден чекор во правец…

October 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?