Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бурлеската со кравите во Крива Паланка – општината со протест заради неконтролираното движење
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Бурлеската со кравите во Крива Паланка – општината со протест заради неконтролираното движење
МАКЕДОНИЈА

Бурлеската со кравите во Крива Паланка – општината со протест заради неконтролираното движење

Објавено February 25, 2026 17:40
Сподели
Сподели

Општина Крива Паланка и претставниците на 16 месни заедници ја информираат јавноста дека утре, 26 февруари 2026 година, ќе се одржи мирен протест организиран од граѓани, поради неконтролираното движење на говеда и штетите врз имот и земјоделски површини.

Општината потсетува дека надлежните институции веќе донесоа правосилни решенија и задолжителни мерки за регулирање на оваа состојба. Непочитувањето на овие решенија го загрозува јавниот ред, безбедноста и имотните права на граѓаните.

Сите учесници се повикуваат на одговорно и мирно однесување, додека Општина Крива Паланка и претставниците на 16 месни заедници активно ги следат настаните и ќе преземат сите мерки во рамки на своите надлежности за заштита на јавниот интерес.

Од друга страна, директорот на АХВ Оливер Миланов, во денешното интервју за Прес24 вели дека тие самостојно преземаат мерки, без учество на Општината, но и без детали, затоа колку говеда, какви мерки се преземаат…

„Акциите за собирање на говедата од Крива Паланка ќе продолжат и во наредниот период. Проблемот е повеќегодишен. Во моментов сите активности се на товар на Агенцијата, финансискиот дел, човечките ресурси, опремата и техничкиот дел. Ниту Општината, ниту некоја друга институција е вклучена во процесот. Клучно е да се најде системско решение за решавање на овој голем проблем пред кој многумина во минатото само замижувале. Полека оди процесот на собирање и подигнување на говедата за кои во изминатиов период нивните сопственици неадекватно и недоволно воделе сметка. Сега, оставени сами на себе низ годините животните се и неконттролирано размножени. Како институција се обидуваме да најдеме трајно решение за нив. Во меѓувреме работиме на нивно собирање, но, постојано сме изложени на предизвици – непристапен терен и често и агресивно однесување на поранешните сопственици, за што реагира и полицијата.Основно е наоѓање на системско решение за проблемот кое ќе значи неможност вакви случаи да ни се повторуваат и во иднина“, вели Миланов.

Се наметнува прашањето, зошто сите надлежни, сите инволвирани парцијално наводно преземаат мерки – едните протестираат, другите бркаат крави, а јавноста не знае ниту кога ќе се спасат земјоделците од штетата што ја прават слободно пуштените говеда, ниту колку се на број, ниту има ли заловени и ако има каде се сместуваат, затоа што се шпекулирта со ројка од 500-900 крави! И да се заловат сите, каква ќе биде нивната судбина и чии се или чии ќе бидат по заловувањето?

Најмалку е познато пак кога ќе се реши проблемот и кој ќе одговара за ова неконтролирано дивеење на животните. Тие не можат да бидат виновни!

 

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Рокас: Нема влез во ЕУ без право на глас
Следна Статија Платите на функционерите ќе се кратат, Собранието ја утврди потребата за носење на пакетот закони

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сончево и топло, со температура до 39 степени

Сончево и топло време со температура до 39 степени Целзиусови се очекува денеска, а под влијание на топла воздушна маса…

July 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Силен пожар се шири од Нерези кон Водно

Голем пожар попладнево изби над Нерези и поради силниот ветер забрзано се шири кон Водно. Засега нема официјални информации од…

August 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Продолжува поддршката за младите за студирање на најдобрите светски универзитети, МОН ги објави конкурсите за стипендии

Владата и Министерството за образование и наука продолжуваат да обезбедуваат финансиска поддршка за граѓаните на Македонија кои ќе се запишат…

February 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кирков: Во ЈУ Зоолошка градина постои туберколоза

Неодамна починаа Лами за кој се установи дека биле заболени од Туберколоза, исто така пред неколку дена почина и младо…

September 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?