Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Ливерпул поразен во Истанбул
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > (Видео) Ливерпул поразен во Истанбул
СПОРТ

(Видео) Ливерпул поразен во Истанбул

Објавено October 1, 2025 08:14
Сподели
Сподели

Ливерпул го доживеа првиот пораз во Лигата на шампионите. „Црвените“ паднаа во Истанбул против Галатасарај. Тотенхем со авто-гол се спаси од пораз кај Бодо/Глимт. Останатите фаворити беа и повеќе од сигурни во првите мечеви од втората рунда.

Ливерпул е во мини криза ова е нивен втор пораз по ред во сите натпреварувања.

Во пеколната атмосфера во Истанбул, Ливерпул преживеа вистински ролеркостер.

За 23 секунди, натпреварот практично беше решен. Гакпо имаше одлична шанса, сите ја видоа топката во голот, но еден играч на Галата беше на гол линијата и го спаси својот тим.

Ова доведе до контранапад и пенал за домашниот тим, поради невнимателниот старт на Собослај над Јилмаз. Осимен пеналот го претвори во гол.

 

На северот на Норвешка, Бодо/Глимт промаши пенал, потоа Хауге постигна два гола, но Тотенхем успеа да се спаси од пораз. Ван де Вен го намали резултатот, а Гундерсен во 89-та минута си постигна авто-гол.

 

Жозе Мурињо како тренер на Бенфика се врати на „Стенфорд Бриџ“. Беше пречекан со овации од навивачите, а на теренот доживеа пораз. Риос постгна авто-гол во 18-та минута, што му беше доволно на Челзи да ја забележи првата победа во Лигата на шампионите оваа сезона.

 

Сигурни и убедливи победи забележаа Атлетико Мадрид, Интер, Марсеј и Баерн на Кипар против Пафос.

Атлетико го порази Ајнтрахт со 5:1, во натпревар во кој Антоан Гризман го постигна 200-от гол во дресот на Атлетико.

„Јорганџиите“ во првиот дел постигнаа три гола преку Распадори, Ле Норман и Гризман. Намали Буркарт во 57-та минута, а до крајот Атлетико постигна уште два гола преку Симеоне и Хулијан Алварез.

Интер на „Меаца“ за четири минути ја реши Славија Прага. Лаутаро Мартинез погоди во 30-та, а Дамфрис во 34-та минута. Точка на мечот стави Лаутаро во 65-та минута.

Марсеј во првите 27 минути го реши Ајакс. Два гола до 13-та минута постигна Паишао, а потоа во 27-та минута погоди и Гринвуд. Ветеранот Обамејанг во 52-та минута ги постави конечните 4:0.

На Кипар, Баерн во првиот дел постигна четири гола, два Кејн по еден Гереиро и Николас Џексон. Во последната минута од првиот дел со прекрасен гол постигна за Пафос, Хрватото Оршиќ. Конечните 5:1 ги постави Олисе.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: На овие избори народот одлучува и никој друг
Следна Статија Сиљановска-Давкова: Не сум за нови црвени линии, јас сум за договор дома

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Видео) Манчестер јунајтед во дербито го победи Челзи

Фудбалерите на Манчестер jунајтед го победија Челзи со 2:1 во петтото коло од Премиер лигата. Црвените ѓаволи“, барем на 24…

September 21, 2025
СПОРТ

Aркан планирал да го убие претседателот на УЕФА!

Во 1998 година, Жељко Ражнатовиќ Аркан планирал да го убие претседателот на УЕФА, Ленардс Јохансон, бидејќи оваа фудбалска организација му…

December 27, 2024
СПОРТ

Лејкерси продадени за 10 милијарди долари

Семејството Бас се согласи да го продаде контролниот удел во Лос Анџелес Лејкерс на Марк Волтер, извршен директор и претседател…

June 19, 2025
СПОРТ

СКАНДАЛ: Спортисти масовно ги враќаат олимписките медали од Париз, итно огласување на ИОК (ФОТО)

Олимписките игри во Париз 2024 година завршија летово, но деновиве продолжува олимписката приказна со вистински скандал. Имено, како што пишуваат…

January 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?