Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) „Паднаа“ членови на „Пинк Пантер“во Грција: Од златара украле злато во вредност од пола милион евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > (ВИДЕО) „Паднаа“ членови на „Пинк Пантер“во Грција: Од златара украле злато во вредност од пола милион евра
БАЛКАН

(ВИДЕО) „Паднаа“ членови на „Пинк Пантер“во Грција: Од златара украле злато во вредност од пола милион евра

Објавено January 6, 2026 14:55
Сподели
Сподели

За грабеж во златарница во хотелски комплекс на Халкидики извршен на почетокот на септември минатата година и украдени часовници и накит во вредност од речиси 580.000 евра, во Бугарија и Хрватска биле уапсени две лица, членови на криминалната организација „Пинк Пантери“, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштија дека апсењата биле врз основа на издадената европска потерница за учество во криминална организација, за грабеж, фалсификување и прекршување на законот за оружје.

За грабежот идентификувани се двајца странци на возраст од 48 и 46 години, уапсени во Бугарија и Хрватска, а според грчките медиуми станува збор за српски државјани.

– Се работи за членови на криминална организација, која е структурирана во рамки на меѓународни криминални групи и организации на Балканскиот организиран криминал, под името „Pink Panthers“, специјализирана за кражби во златарници, кои се карактеризираат со висок степен на организација, прилагодливост и развиени методи на дејствување, соопштија од грчката полиција.

Објаснија дека од истрагата спроведена со меѓународна полициска соработка и размена на информации со странски власти од европски земји и EUROPOL, четворица членови на криминалната организација дејствувале на грчка територија од 20 август до 2 септември 2025 година, со цел да го извршат грабежот во златарницата.

Членовите на организацијата влегле во Грција во различно време, користејќи лажни патни исправи, изнајмиле возила на кои ставиле украдени регистарски таблички за да го отежнат нивното идентификување од властите, по што повеќепати на набљудувале локацијата и внимателно го испланирале разбојништвото, а за транспорт и бегство од златарницата користеле возила и електрични тротинети.

За време на грабежот, 48-годишниот, заедно со негов соработник, што засега е непознат за властите, на двајца вработени во златарницата им се заканиле со оружје и одзеле луксузни часовници и накит во вкупна вредност од 579.805,75 евра, додека уапсениот 46-годишен заедно со непозната жена соработник, обезбедувале поддршка, претставувајќи се како посетители и го набљудувале околниот простор.

Според видеото од безбедносните камери објавено во грчките медиуми, грабежот трае нешто повеќе од една минута.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лазаров пресече: Ова се играчите кои за Македонија ќе настапат на ЕП
Следна Статија ЕУ контра Трамп: Не го признава легитимитетот на Родригез

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

ВИДЕО: Голем пожар на грчкиот остров Тасос, луѓе во паника бегаат

На грчкиот остров Тасос, во областа Гликада во близина на Лименас, синоќа околу 23 часот избувна огромен пожар. На ова…

July 10, 2025
БАЛКАН

Секој петти граѓанин на Србија е во ризик од сиромаштија

Речиси 40 проценти од српските граѓани не можат да си дозволат еднонеделен одмор далеку од дома, еден од седум не…

July 19, 2025
БАЛКАН

За српскиот јазик кој го говорат 43 посто од жителите во Црна Гора нема влез во Уставот

Црна Гора се подготвува да ги усвои уставните измени кои ги согласила со Европската Унија. Сепак, ова наиде на негодување…

July 6, 2026
БАЛКАН

Пленковиќ: ЕУ и Хрватска нема да воведат санкции за претставниците на Република Српска

Претседателот на ХДЗ и хрватски премиер Андреј Пленковиќ изјави дека е уверен оти ЕУ нема да воведе санкции за претставниците…

April 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?