Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владината делегација предводена од премиерот Мицкоски пристигна во Унгарија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Владината делегација предводена од премиерот Мицкоски пристигна во Унгарија
МАКЕДОНИЈА

Владината делегација предводена од премиерот Мицкоски пристигна во Унгарија

Објавено March 3, 2025 17:30
Сподели
Сподели

Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски пристигна во Будимпешта каде ќе учествува на унгарско-македонскиот владин самит што денеска и утре ќе се одржи во Република Унгарија. Согласно агендата, предвидени се тет-а-тет средба меѓу Мицкоски и унгарскиот премиер Виктор Орбан, а во рамки на владиниот самит предвидено е да се одржат и билатерални средби меѓу ресорните министри на двете влади, по што ќе следи и заедничка седница на двете влади.

Предвидено е министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за надворешна политика и трговија Петер Сијарто да потпишат акциски план за размена на експертиза од страна на Унгарската дипломатска академија за јавни службеници на меѓусебно договорени теми за интеграција во ЕУ, процесите на администрацијата на Министерството за надворешни работи и надворешната трговска политика во Будимпешта.

По завршување на меѓувладината седница утре заедничка прес-конференција ќе одржат двајцата премиери. 

Премиерите Мицкоски и Орбан ги предводеа владините делегации на заедничката меѓувладина седница што се одржа во септември лани во Охрид, на која беше потврдено стратешкото сојузништво меѓу двете земји и реафирмирана силната унгарска поддршка за нашата евроинтеграција.  

– Унгарија отсекогаш била силен поддржувач на проширувањето на Европската унија и нашите аспирации за полноправно членство. Унгарија не е само наш партнер на европската сцена, туку и пример за тоа како една држава може успешно да го балансира националниот суверенитет со глобалната интеграција, истакна македонскиот премиер.

Унгарскиот премиер пак кажа дека голема грешка е што земјава не е членка на ЕУ и понуди да посредува во решавање на спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија, што Софија потоа експресно го одби.

– Нашиот став е јасен, зачленувањето на Западен Балкан е важно за неговата стабилност, но и за стабилноста на Унгарија, па и на самата ЕУ. Застојот во процесот на проширување, како во случајов со Северна Македонија, не е фер. Подготвени сме да разговараме за овие прашања и да работиме на тој план, рече тогаш премиерот на Унгарија како претседавач со ЕУ.

Во Охрид стана збор и за стратешките проекти како транспортниот и енергетскиот коридор север – југ кој што го поврзува Балканот со Унгарија и е од огромно значење за енергетската сигурност и економскиот раст на целиот регион. Беше истакнато дека нашата соработка со Унгарија ќе биде клучна за успешна имплементација на овие иницијативи.

Мицкоски и Орбан на маргините на НАТО самитот во Вашингтон договорија воспоставување специјална економска соработка и заем за земјава од милијарда евра, од кои 500 милиони евра се искористија за отплаќање на еврообврзницата од 2018 година. Остатотокот од средствата – 250 милиони наменети се за поддршка за стопанството и исто толку за инфраструктурни проекти во општините.

Премиерот Виктор Орбан во 2013 година во Охрид од страна на тогашниот претседател Ѓорге Иванов беше одликуван со Орден „8 Септември“  за исклучителни заслуги за развивање и зацврстување на пријателските односи и мирољубива соработка на Македонија и Унгарија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонија и Унгарија потпишаа акциски план за размена на експертиза од страна на Унгарската дипломатска академија за јавни службеници
Следна Статија Притвор за 28-годишник осомничен за демнење на градоначалникот на Неготино

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Во службените возила на СОЗР ставале половни делови, сервисите ги фактурирале како нови!

Се интензивира истрагата за злоупотребите во Службата за општи и заеднички работи во време кога на чело бил поранешниот директор Пеце…

February 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Рокас: Вашата иднина е во ЕУ, сите напорно работиме за остварувањето на таа цел

Иднината на земјава е во Европската Унија и сите напорно работиме со цел тоа да се постигне, порача евроамбасадорот Михалис…

May 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Ќе ѝ се згрози на македонската јавност кога овој предмет во детали ќе биде расветлен

Нема да има милост за никого. Секој еден кој допринесол директно или индиректно, посредно или непосредно, во рамки на оваа…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ги оправдувам протестите, но не и политичките глодари кои гледаат шанса за некој поен

Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посетата во Радовиш на новинарско прашање рече дека ја разбира потребата од протести, по трагедијата…

March 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?