Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Време е за средната класа: Мицотакис со „најсмела реформа на данокот на приход“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Време е за средната класа: Мицотакис со „најсмела реформа на данокот на приход“
БАЛКАН

Време е за средната класа: Мицотакис со „најсмела реформа на данокот на приход“

Објавено September 7, 2025 16:46
Сподели
Сподели

Пакет мерки во висина од 1,6 милијарди евра, за поддршка на над четири милиони даночни обврзници, соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Меѓународниот саем во Солун и истакна дека станува збор за „најсмелата реформа на данокот на приход во историјата на современа Грција“, пакет со кој ќе бидат опфатени „оние кои досега не добија помош како другите“, јави дописничката на МИА од Атина.

Во говорот на свеченото отворање на Саемот, како што е традиција, премиерот на Грција го соопштува владиниот план за следната година, а Мицотакис за конкретните реформи рече дека е „план кој би можел да има многу наслови: „време е за средната класа“, „време е за семејството“, „време е за новата генерација“.

Мерките, што стапуваат во сила со буџетот за 2026 година се однесуваат на домаќинствата, особено младите семејства, средната класа и пензионерите и меѓу другото предвидуваат: намалување за два процентни поени на основните даночни стапки, дополнителни олеснувања за семејства, особено со три и повеќе деца; нулта даночна стапка за лица под 25 години со годишен приход под 20.000 евра; помал данок за жителите на мали острови и рурални области за населени места со помалку од 20.000 жители.

-Нема да дадам ветувања, ниту пари што не постојат. Никогаш нема да го сторам тоа. Тука сум со цел да зборувам за заеднички развој, за реструктурирање на националната економија што ќе доведе до просперитет на Грците.“ Ова го кажав од говорницата на Меѓународниот саем во Солун во 2016 година, при моето прво појавување тогаш, како претседател на Нова Демократија, на денот кога заедно ја потпишавме „Спогодбата за вистината“, која на крајот ја извлече земјата од кризата. Денес ви се обраќам од истата говорница по десетти пат. Моето политичко искуство сега е поголемо, исто како и сивите влакна во мојата коса – порача Мицотакис на почетокот од неговиот 67 минутен говор.

Ги претстави сите даночни мерки, но и посочи дека одлука на Владата е „да притиснеме на гас“ сè до изборите во 2027 година кога ќе се бори за нов четиригодишен мандат „уште поуспешен, со помалку грешки и со повеќе резултати“.

Се очекува новите мерки денеска подетално да бидат објаснети за време на традиционалната прес-конференција на грчкиот премиер на маргините на Меѓународниот саем во Солун.

За време на вчерашното свечено отворање на Саемот, се одржаа низа протести организирани од синдикатите против владината политика.

Во Атина пак, во исто време со говорот на Мицотакис, пред грчкиот парламент илјадници граѓани побараа правда за жртвите во железничката несреќа кај Темпи пред две и пол години, протест што како што објави МИА заврши со молотови коктели, тензии и над 20 приведени лица.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) СДСМ: Бараме одговорност од Јаневска затоа што ги остави учениците без учебници
Следна Статија Јапонскиот премиер поднесе оставка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Роми претепаа човек до смрт во Ново Место: Насилството ги крена Словенците на нозе

Словенечката јавност е потресена од брутален инцидент што се случи во Ново Место, каде што 56-годишен маж починал откако бил претепан од група…

October 26, 2025
БАЛКАН

Владејачката СНС победи на локалните избори во Заечар и во Косјериќ

Претседателот на Градската изборна комисија на Заечар, Ненад Динуловиќ, ги објави доцна синоќа прелиминарните резултати од локалните избори одржани на…

June 10, 2025
БАЛКАН

Демонстрантите се обидоа да влезат во Собранието на Краљево, скршени стакла, турканици, повредени

Демонстрантите денеска се обидоа да влезат во Собранието на Краљево, a еден излета низ стаклото на вратата. При туркањето било…

February 19, 2025
БАЛКАН

Вучиќ најави нови мерки од 1 септември „за луѓето, особено за средната класа и посиромашни“

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави „голем пакет мерки“ од 1 септември за, како што нагласии, „луѓето кои припаѓаат на пониската,…

July 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?