Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Германците сè помалку трошат, стравуваат од инфлација
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Германците сè помалку трошат, стравуваат од инфлација
ЕКОНОМИЈА

Германците сè помалку трошат, стравуваат од инфлација

Објавено December 20, 2025 14:34
Сподели
Сподели

Германците се сè повеќе вознемирени поради продолжената економска криза и општата неизвесност, поради што го отвораат паричникот сè поретко – најмалку од времето на светската финансиска криза, покажува најновото издание на барометарот за потрошувачко расположение.

Барометарот на нирнбершките институти за истражување на пазарот GfK и NIM укажува дека германските граѓани со месеци сè повеќе се ориентираат кон штедење и се воздржуваат од трошење, пренесува агенцијата dpa.

GfK и NIM за јануари прогнозираат дополнителен пад на индексот на потрошувачко расположение за 3,5 поени, на минус 26,5. Во исто време, индексот на штедење во декември пораснал на 18,7 поени, што е највисока вредност во повеќе од 15 години.

„Тоа не се позитивни сигнали за економијата во пресрет на Божиќ, а расположението на потрошувачите најавува и лош почеток на наредната година“, изјави експертот на NIM, Ролф Биркл.

GfK и NIM секој месец спроведуваат анкети меѓу граѓаните за пресметка на индексите што ја покажуваат подготвеноста за трошење, односно за штедење.

Еден од сегментите на редовното истражување е и проценката на испитаниците за нивните лични приходи во следните 12 месеци.

Во декември, индикаторот за овие очекувања паднал трет месец по ред и сега изнесува минус 6,9 поени. Аналитичарите овој тренд го поврзуваат со растечкиот страв од инфлација.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кривична за пратеникот Јанчев за сообраќајката во која загина 16-годишниот Матеј
Следна Статија Мисајловски го отвори 25. Меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Дурмиши сака минималната плата да биде 600 евра, но ќе преговара за 450 на почетокот на декември

Желбата на министерот за економија Дурмиши е минималецот да биде 600 евра, но ќе се преговара за 450 евра. Она…

November 27, 2024
ЕКОНОМИЈА

Првите 11 километри од автопатот Прилеп-Битола ќе се готови до крајот на 2026, рече Николоски

Првите 11 километри од автопатот Прилеп-Битола ќе бидат готови до крајот на наредната година, а целиот автопат од Коридорот 10…

September 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Петрова: Граѓаните имаат се уште време да приложат докази за платен данок на доход во странство

Директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова вели дека на граѓаните кои платиле данок на доход во странство, а…

January 5, 2026
ЕКОНОМИЈА

Се зголемува цената на бензините и на дизелот

Цените на горивата од вечерва на полноќ се зголемуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. ЕУРОСУПЕР 95, ЕУРОСУПЕР 98+ и ЕУРОДИЗЕЛ…

June 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?