Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Грција бара од Владата да го користи уставното име
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Грција бара од Владата да го користи уставното име
ПОЛИТИКА

Грција бара од Владата да го користи уставното име

Објавено July 23, 2025 20:02
Сподели
Сподели

Поддршката од Грција за европскиот пат на Северна Македонија останува силна, но придружена со порака за целосна имплементација на Преспанскиот договор. Ова го истакна шефот на грчката дипломатија, Јоргос Герапетритис, на заедничката прес-конференција со македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој престојува во прва официјална посета на Атина.

„Дозволете ми да ја подвлечам важноста на целосната и bona fide имплементација на Преспанскиот договор, вклучително и користењето на уставното име на земјата за севкупна употреба (ерга омнес)“, изјави Герапетритис.

Двајцата министри разговараа за продлабочување на билатералната соработка, регионалната стабилност и заедничките економски и енергетски проекти. Станало збор за проекти, како Коридорот 10 и за гасниот интерконектор. Реафирмирана е заедничката посветеност во рамките на НАТО и потребата за блиска координација. Поддршката за Украина мора да остане, заклучија министрите.

Муцунски ја нагласи важноста на меѓусебната почит: „Длабоко и искрено верувам во нашите односи и во силата на дипломатијата заснована на почит“.

Муцунски изрази благодарност за грчката помош по трагедијата во Кочани и пожарите во близина на Дојран.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На јавниот повик за ангажирање лица за справување со пожарите пријавени помалку од 500 кандидати
Следна Статија УЈП ќе спроведува засилени контроли кај такси превозот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Тренчевска: Власта живее во паралелен свет, нема одговорност за трагедијата во Кочани

Пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска во рамките на амандманската расправа истакна дека власта очигледно живее во некој паралелен свет, не…

July 7, 2025
ПОЛИТИКА

Ахмети му напиша на премиерот Мицкоски предупредувачко писмо

Откако вчера испрати неколку писма  Емануел Макрон, Бајрам Бегај, Еди Рама, Вјоса Османи, Албин Курти, Урсула фон дер Лајен, Олаф…

October 28, 2024
ПОЛИТИКА

„Тагас Балкан“ – прочуениот бренд за локум од Крушево. Неговиот сопственик Нико Чонески се кандидира за градоначалник!

Крушево го добива својот најсладок кандидат за градоначалник – Нико Чонески, сопственик на легендарниот локум „Тагас Балкан“, бренд со повеќе…

September 4, 2025
ПОЛИТИКА

Сиљановска Давкова: Изјавата на еврокомесарката Кос звучи како бирократско мешање во внатрешните работи

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска од Подгорица, каде е во официјална посета коментирајќи ја вчерашната изјава на новоизбраната еврокомесарка за…

November 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?