Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Гувернерот Славески: Народната банка со проактивна улога во подобрувањето на условите на плаќањата во економијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Гувернерот Славески: Народната банка со проактивна улога во подобрувањето на условите на плаќањата во економијата
ЕКОНОМИЈА

Гувернерот Славески: Народната банка со проактивна улога во подобрувањето на условите на плаќањата во економијата

Објавено December 31, 2025 15:56
Сподели
Сподели

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во гостувањето на поткастот „Финсајт“ со Наташа Мерсовска на порталот „Банкарство.мк“, истакна дека иницијативите на Народната банка за намалување на банкарските провизии веќе даваат конкретни резултати и дека граѓаните и компаниите постепено ги чувствуваат придобивките, додека за каматните стапки се очекува натамошен надолен тренд.

Гувернерот посочи дека токму граѓаните најдиректно можат да оценат дали промените во висината на банкарските провизии се чувствуваат во практика, додека анализите на Народната банка укажуваат дека преземените иницијативи беа правилно разбрани од банкарскиот сектор. Преку постојан дијалог со банките, а по претходно намалување на трошоците за банките за порамнување на плаќањата во платниот систем на Народната банка, банките пристапија кон позначително намалување на надоместоците за извршување на плаќањата. Според анализите, поголемите банки во најголем дел ја искористиле оваа заштеда во полза на клиентите преку пониски провизии, а дел од банките дополнително се откажале и од дел од сопствената заработка, со што ефектите се особено видливи кај малите и средните претпријатија.

Напоредно со ова, гувернерот Славески најави и системски пристап преку законски измени на Законот за платните системи, заради унапредување на платежната сметка со основни функции, којашто досега не заживеа поради бројни ограничувања. Со предложените измени, коишто се доставени до Министерството за финансии, се укинуваат ограничувањата како забраната за дозволено пречекорување, неможноста за поседување друга сметка и ограничениот број трансакции. На овој начин, за мал фиксен месечен износ, граѓаните ќе можат да вршат повеќе трансакции и да добијат дополнителни поволности, вклучително и можност за бесплатно подигање готовина од банкомати на други банки, во ситуации кога нема расположлив банкомат или готовина кај нивната матична банка.

Гувернерот нагласи дека ваквите решенија се дел од светската и европската практика и дека Народната банка ги следи позитивните искуства од други земји, како Литванија, а како значаен пример ја посочи и Хрватска, каде што беа усвоени законски измени со кои од 1 јануари значително се намалуваат банкарските провизии. Покрај ова, се работи и на идејата за воспоставување национална мрежа на банкомати, што би им овозможило на граѓаните полесно да дојдат до готовина и во средини каде што нема банкомат од нивната банка. Ваквото решение се очекува да се разгледува со цел реализација во 2026 година.

Осврнувајќи се на каматните стапки, Славески истакна дека во последните две години е забележливо постепено надолно приспособување и кај каматните стапки на кредитите на домаќинствата. Просечната каматна стапка за кредитирање на граѓаните изнесува околу 4,8 проценти, што е на ниво на просекот во европски рамки. Како што појасни, каматните стапки во економијата се тесно поврзани со движењето на инфлацијата, така што со натамошното стабилизирање на цените и со поволните економски услови, при стабилен девизен пазар, ќе се создаде дополнителен простор за нивно натамошно намалување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Потпишан трипартитен договор за дигитална инфраструктура за примена на Законот за работно ангажирање на лица
Следна Статија Напнатоста меѓу Саудиска Арабија и ОАЕ ескалира со бомбардирање на пристаниште

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Седумнаесет избрани и именувани лица не ги пријавиле фирмите во кои имаат сопственички удел

Регистарот на вистински сопственици, односно луѓе кои имаат корист од една фирма т.е. не само оние кои се регистрирани како…

January 28, 2026
ЕКОНОМИЈА

Бензините и дизелот од ноќеска поскапи за два денари

Малопродажните цени на бензините на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за…

April 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

ССМ најави блокади на пратениците, работодавачите и Владата

На 10 месецов ССМ излегува повторно на улиците со блокади и протести пред институциите кои немаат слух за работникот, вели…

February 3, 2026
ЕКОНОМИЈА

Владата во моментов преговара со 15-тина странски компании за инвестирање во Македонија

Рекордно ниво на странски инвестиции во 2024-та од една милијарда евра и најави за инвестициски бум годинава. Со 8 нови…

January 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?