Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: И болните може да се излечат: Денеска е Балаклија, првиот петок по Велигден
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > И болните може да се излечат: Денеска е Балаклија, првиот петок по Велигден
МАКЕДОНИЈА

И болните може да се излечат: Денеска е Балаклија, првиот петок по Велигден

Објавено April 25, 2025 09:07
Сподели
Сподели

Првиот петок по Велигден е Источен петок – Балаклија.

Источен петок, се вика уште и Извор на лекувањето, бидејќи тој ден верниците одат до најблискиот извор и се измиваат поради лекување од многу болести. Овој ден е посветен на прославувањето на Пресвета Богородица која на тој ден со богослужењето се нарекува Живоносен источник.

Востановувањето на овој празник се случил во храмот крај еден извор блиску до Цариград, кој се викал „Животоносен источник“, кој го подигнал царот Лав Велики (V век). Според преданието, во една прилика додека уште не бил цар во Византија во шумата пронашол слеп човек кого го одвел до изворот го напоил и слепиот прогледал. Кога станал цар, на местото каде што ова се случило изградил храм во знак на благодарност кон Пресвета Богородица, а народот веднаш почнал да пристигнува од сите страни барајќи и наоѓајќи лек за многу болести.

Обичај е во зорите да одите до најблискиот извор или поточе каде може да се измиете и да се напиете вода, да наберете цвеќе и весели да се вратите дома дури доцна вечерта.

Денешниот празник, како слава некаде го прославуваат сопствениците на ресторани, жените не работат потешки работи, а во некои села се бојадисуваат јајца исто како за Велигден, само што овојпат им се наменети на мртвите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Судот го одобри обвинението: Се чека термин за судење на Васил Јованов кој ја усмрти Фросина Кулакова
Следна Статија (Видео) Дебакл на Денвер во ЛА, нестварен пресврт на Оклахома, Њујорк го врати брејкот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски најави две реформи во социјалната заштита: Софтвер ќе детектира злоупотреби – картичка за купување на македонски производи

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција најави две реформи во сферата на социјалната заштита. Едната, рече, ќе биде изготвување софтверско…

December 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Даваме силна подршка за Студеничани, преку Министерството за транспoрт ги подобруваме патиштата во општината

Министерството за транспорт дава силна подршка на општините за реализација на инфраструктурни проекти. Во општина Студеничани со средства од Министерството…

March 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Средбите со премиерот Стармер и приемот кај кралот Чарлс ја носи Македонија на повисоко ниво во односите со Велика Британија

Македонија го имаше ексклузивитетот да има посебна билатерална агенда во рамки на Самитот на Берлинскиот процес што се одржа во…

October 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова со божиќна честитка: Да ги отвориме срцата и да го градиме доброто на заедницата

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Божиќ упати честитка до граѓаните кои го прославуваат Христовото раѓање,…

January 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?