Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Доктор Даниловски за комарците: Не се толку проблем здодевните убоди и чешањето, туку заразните болести
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Доктор Даниловски за комарците: Не се толку проблем здодевните убоди и чешањето, туку заразните болести
ЗДРАВЈЕ

Доктор Даниловски за комарците: Не се толку проблем здодевните убоди и чешањето, туку заразните болести

Објавено August 13, 2025 09:27
Сподели
Сподели

Познатиот доктор епидемиологот и професор Драган Даниловски нотира дека и ова лето комарците се во офанзива и потсетува дека станува збор за едни од најсмртоносните суштества.

Преку фејсбук објава алармира за проблемот со заразните болести кои може да ги пренесет со убод.

– Најсмртоносните суштества на светот – комарците – и ова лето упорно ни пијат крв – континуирано 24 часа! Најагресивниот вид, „азискиот тигрест комарец“  галопира со „чекори од седум милји“, освојувајќи територии, уште од 2016 година (кога прв пат е идентификуван кај нас). Нашиот дамнешен „сожител“, домашниот комарец ја изгуби трката. На југот од земјата може да се сретне и маларичниот комарец Anopheles. И сите бодат и пијат крв. Женките. Мажјаците служат за приплод… Но, не се толку проблем здодевните убоди. И несносното чешање, вели тој на почетокот на својата објава.

Алармира дека, како што нагласува, проблем е што некои единки може да налетаат на болни луѓе од одредени болести. Чиишто причинители (вируси, паразити) наоѓаат привремен ,,дом” во утробата на комарците. Чекајќи нивниот домаќин да касне нова жртва (човек, животно или птица). И да ги пренесе во нивен нов резервоар. До следниот убод на некој друг ,,крвопиец”… и така во круг…

Секој тип од ,,крвопијците” си има посебен афинитет кон одредени причинители на заразни болести: ,,Летечкиот тигар” – денга, чикунгуња, зика. Домашниот кулекс – Западно-нилска треска. Маларичниот комарец – маларија.

– Ризиците од Западно-нилска треска се реални. Ја има во соседните држави. Имаше и кај нас два случаи минатата година (2024). Ризиците, пак, од денга, чикунгуња, зика и маларија, засега, се како „Дамоклов меч“. Зашто, луѓето патуваат сѐ повеќе. И на егзотични дестинации, каде што овие болести се ендемски. Оттаму, не смее „главата да се пика в песок“.

Што значи тоа? Тоа значи дека ни оддалеку не е доволно само да се спроведе рутинска дезинсекција (од воздух и од земја, т.н. терестрична). И да се извести јавноста со штура објава во јавните гласила. И толку. Зашто, никогаш не се уништува целата популација комарци. Па, макар се прскало и неколку пати во една сезона. Што значи, ризиците по здравјето се редуцираат, но и понатаму се присутни.

И тие ризици ќе бидат сѐ поприсутни. Со затоплување на планетата, односно климатските промени, ќе се продолжува сезоната на комарци. Најсмртоносното суштество во светот ќе го прошири својот географски опсег во нови региони и повторно ќе почне да се јавува во области во кои бројот на комарци се намалувал со децении, вели доктор Даниловски.

Екстремните климатски и временски услови како што се суши, топлотни бранови, поплави и врнежи се интензивираат ширум светот. Тие обезбедуваат поволни услови за размножување на комарците и би можеле да помогнат во ширењето на вируси на поголеми географски ширини и надморски висини. Една неодамнешна студија, предводена од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, има предвидено дека повеќе од осум милијарди луѓе би можеле да бидат изложени на ризик од маларија и денга до 2080 година.

– Значи, болестите што се пренесуваат со комарци (ќе) стануваат сѐ позначаен јавно здравствен проблем. Кој никако не смее да се потценува. Заради што, потребна е подготовка на системот за превенција и благовремена реакција на можни предизвици. Не треба тоа да бидат формални, површни и некоординирани потези, вели познатиот доктор и предлага:

Потребен е нов пристап – координиран, системски, долгорочен. Холистички пристап. Нова парадигма. Парадигма наречена „Едно здравје“.

Таа ја препознава меѓусебната поврзаност помеѓу здравјето на луѓето, здравјето на животните и животната средина. Таа ја нагласува меѓузависноста на трите области, односно здравјето на една област е тесно поврзано со здравјето на другата.

Во контекст на болестите што се пренесуваат преку комарци, примената на концептот „Едно здравје“ е важна поради сложените интеракции меѓу комарците, луѓето, животните и животната средина во пренесувањето и контролата на овие болести. Овој пристап претпоставува соработка меѓу различни засегнати страни (главните „играчи“): стручњаците за јавно здравје, ветеринарите, екологистите, креаторите на политики и локалните заедници.

Клучните елементи на пристапот „Едно здравје“ за контрола на комарци се следните:

1. Намалување на местата за размножување на комарците со елиминирање на застоените води, подобрување на санитарните услови и ефикасно управување со отпадот (управување со животната средина);

2. Користење на природни предатори или патогени микроорганизми на комарците, како што се ларви од риби или бактерии (Wolbachia, Bacillus thuringiensis israelensis) како алтернативи на хемиските инсектициди (биолошка контрола);

3. Комбинирање на различни методи за контрола, вклучувајќи управување со животната средина, биолошка контрола и хемиска контрола (кога тоа е потребно и со одговорна употреба), за да се постигне одржливо и ефикасно намалување на популацијата на комарци (интегрирано управување со вектори);

4. Имплементирање на системи за следење на популациите на комарци, рано идентификување на епидемии на болести и евалуација на ефикасноста на мерките за контрола (надзор и мониторинг);

5. Едукација на јавноста за болестите што се пренесуваат преку комарци, промовирање на лични заштитни мерки (како што се употреба на репеленти, мрежи за кревети, комарници на прозорците) и поттикнување на учеството на заедницата во напорите за контрола.

Во овој сегмент, матичните доктори имаат незаменлива улога. Тие се најблиску до граѓаните, ја уживаат нивната доверба и можат директно да ги едуцираат за:

• како да се заштитат од убоди,

• како да ги намалат местата за размножување на комарци во својата околина,

• кога е време да побараат медицинска помош при појава на симптоми.

6. Поттикнување на соработката помеѓу јавно здравствените установи, ветеринарниот сектор, секторот за животна средина и други релевантни сектори (меѓусекторска соработка);

7. Препознавање дека животните можат да послужат како резервоари за некои болести што се пренесуваат преку комарци и спроведување стратегии за управување со интеракциите меѓу комарците и животните, како што е третирање на добитокот со инсектициди (справување со животинските резервоари).

Се прашувам, колку елементи од погоре набројаните кај нас функционираат?

Или со други зборови, сме помислиле ли дека е крајно време да организираме пристап „Едно здравје“ во справувањето со овој јавно здравствен проблем?

За почеток, барем да изработиме Програма за справување со болестите што се пренесуваат со комарци и други вектори со јасно дефинирани улоги и одговорности, вели Даниловски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Грчката професорка Јоаниду: Не постои ниту еден Грк кој во странство би се претставил како „Македонец“
Следна Статија Пијан возач прегазил 13 годишно девојче и избегал

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Ако имате висок притисок, од оваа навика мора да се откажете, предупредуваат кардиолозите

Срцевите заболувања со години се водечка причина за смрт кај возрасните, а лекарите посебно ја истакнуваат хипертензијата како еден од…

July 12, 2025
ЗДРАВЈЕ

Овие витамини и минерали се важни за поддршка и зајакнување на имунитетот во зима

За да избегнете сезонски грип, особено во зима, важно е да се грижите за вашето здравје. Доктор Дејв Николс објасни…

November 25, 2024
ЗДРАВЈЕ

Пет намирници кои никогаш не треба да ги комбинирате со кафе

Голем број луѓе не можат да го замислат утрото без да го испијат омилениот црн пијалок, а токму кафето ги…

November 29, 2024
ЗДРАВЈЕ

Три необични знаци кои може да укажуваат на мозочен удар една недела однапред

Благодарение на напредокот во лечењето, денес повеќе луѓе преживуваат мозочен удар. Една студија покажа дека дури девет од десет мозочни…

March 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?