Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Домот „11 Октомври“ во Ченто по скоро 40 години повторно ќе стане центар на културата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Домот „11 Октомври“ во Ченто по скоро 40 години повторно ќе стане центар на културата
МАКЕДОНИЈА

Домот „11 Октомври“ во Ченто по скоро 40 години повторно ќе стане центар на културата

Објавено February 23, 2025 17:07
Сподели
Сподели

Во рамки на теренските посети на општините насловени „Каде што срцето е дома“, премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за локална самоуправа Златко Перински, министерот за култура и туризам Зоран Љутков и градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски, изврши увид во почнатата реконструкција на Домот на Културата „11 Октомври“, лоциран во паркот во Ченто.

Домот ќе биде со површина од 1 000 метри квадратни и ќе има три нивоа, ќе биде енергетски ефикасeн и целосно инклузивен, со лифт и тоалети за лица со посебни потреби, како и со капацитет за 180 гледачи. Вкупната инвестиција е 84 240 000 денари, а средствата се обезбедени од првиот јавен повик на Владата за општините.

Ова е еден од четирите проекти кои ќе се реализираат во општина Гази Баба со средства од државниот буџет.

-Повеќе од четири децении ова место беше најцрната точка во општина Гази Баба во кое се вршеа и девијантни појави, а за помалку од 18 месеци од денес ќе прерасне во центар на културата. Изразувам благодарност за финансиската поддршка на инфраструктурни проекти во општините која е од историска важност и ќе донесе забрзан развој што ќе ги реши децениските проблеми на граѓаните, изјави Стефковски.

Според министерот Перински, повеќе од 40 години, скоро сите политички гарнитури ветуваа реконструкција и инвестиција за подобрување на условите во овој Дом, но, досега тоа, за жал, не се случи.

-Оваа Влада, преку првиот повик, успеа и овозможи средства за обнова на објектот, кое е култно место за жителите на Гази Баба. Сега, како резултат на нашата посветеност за поддршка на општините, како и посветеноста на градоначалникот Стефковски да ги детектира потребите на граѓаните и да аплицира на повикот, Домот на култура ќе стане центар на креативност и културни настани, место каде што ќе може да се собираат нашите деца, културни друштва и сите љубители на уметноста и културата. Оваа Влада со дела потврдува дека е вистински пријател на општините. Како и досега, така и од сега, ќе продолжиме да инвестира во проекти коишто се врз основа на потребите на граѓаните. Јас се надевам дека за многу кратко време, ова многу битно место за жителите од ова населено место, ќе прерасне во вистински храм на културата и заедно ќе се радуваме на многу убави настани, изјави Перински.

Премиерот Мицкоски напомена дека продолжува инвестирањето во проекти во општините и поддршката на капиталните инвестиции.

-Не очекува динамична пролет и реализација не само на проектите од првиот, туку и на оние од вториот јавен повик кои се финансираат со наша поддршка, потенцира премиерот.

Серијата посети на министерот за локална самоуправа Перински ќе продолжат и следните денови. Веќе се најавени средби со управата на Општина Чаир и локалните жители.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина осуденик од затворот во Штип
Следна Статија Зеленски: Подготвен сум да се повлечам ако тоа значи мир за Украина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на дводневна посета на Обединетото Кралство на Самитот за Западен Балкан-Берлински процес

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски заедно со владина делегација ќе присуствува на Самитот за Западен Балкан, кој оваа година се…

October 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Синот на пратеничката Коџаџику од ВЛЕН стана советник на директорот на М-НАВ

И синот на пратеничката Мерита Колчи-Коџаџику од ВЛЕН, Премтим Коџаџику, се вработи во Македонска навигација (М-НАВ) на советничко место на…

August 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Зијадин Села го оспори „Безбеден град“ пред Уставен суд

Зијадин Села од Алијанса за Албанците денеска поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценка на уставноста на Законот за прекршоци,…

January 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

ДЗС добива прва републичка пожарна составена од 50 армиски и полициски возила пренаменети за гаснење на шумски пожари

Дирекција за заштита и спасување добива прва републичка пожарна составена од 50 возила за гаснење на шумски пожари, кои имаат…

July 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?