Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: До крајот на следната година „Амфенол“ ќе има 3700 вработени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > До крајот на следната година „Амфенол“ ќе има 3700 вработени
ЕКОНОМИЈА

До крајот на следната година „Амфенол“ ќе има 3700 вработени

Објавено August 20, 2025 17:39
Сподели
Сподели

Амфенол“ е корпорација која има доверба во Македонија поради што постојано инвестира. Ние немавме засој во инвистициите во било која криза, бројки покажуваат постојан раст и за време на „ковидот“. Не гледам причина сега да застанеме. Имаме одлична соработка со Владата, одлична комуникација со премиерот Мицкоски.  Неговото присутво денеска овде, за нас преставува привилегија и чест. Сметам дека нашите континуирани вложувања ќе бидат дополнителен импулс за премиерот и Владата  да ја продлабочиме заедничката соработка, изјави Сашко Наков, директор на „Амфенол технолоџи Македонија“, откако премиерот Христијан Мицкоски ја посети компанијата од Кочани, најголема во овој дел од државата со 3.200 вработени.

До крајот на септември халата што сега ја градиме, нагласи Наков,  ќе биде готова и во неа ќе може да се инсталира опремата. Ова значи нови 200 вработувања.

-Планираме во текот на следната година да изградиме уште еден производен објект со површина од 3.200 квадратни метри, што ќе отвори нови 300 работни места. Сметам дека 2026 година ќе ја завршиме со 3.700 работника, најави Наков.

Премиерот Мицкоски истакна дека станува збор за инвестиција којашто е трудо-интензивна со близу 3.200 вработени, со план за нови 500 вработувања, во две фази.

-Кога ќе биде завршен објектот позади нас, практично, ќе имаме нови 200 вработени, догодина се планира нови 300 вработени, така што ќе се заокружи една бројка од 3.700 вработени, рече Мицкоски.

Од тоа што разговаравме со директорот, додаде, во новите две хали, зборувам за оваа којашто сега ја гледате позади нас, којашто е во фаза на изработка и таа што догодина ќе започне, ќе имаме исклучително висока технологија, којашто одговара на најсовремените технолошки процеси.

-Како Влада поддржуваме директни инвестиции, домашни, странски инвестиции, не само преземајќи го институционалниот ризик, туку и финансиски. Преку програмата ќе ги поддржиме овие нови инвестиции на компанијата, „Амфенол“ тука во Кочани, како што кажа и директорот во иднина планираме и во одредени други градови да се прошири инвестицијата на „Амфенол“, дополни Мицкоски и истакна дека за Владата компанијата „Амфенол“ претставува стратешки партнер. 

Според она што го кажа премиерот, приходите на АТМ оваа година  ќе се доближат до кај 200 милиони евра, што е огромна бројка.

-Ова придонесува не само за локалната економија, туку и генерално за државната економија. Како Влада со оваа посета и овој увид би сакале да испратиме порака дека сме партнери со бизнис заедницата, со инвеститорите, без разлика дали се тоа домашни и странски, рече Мицкоски.

Посочи дека во рамките на Советот на странски инвеститори се разговара отворено за проблемите.

-Голем дел од проблемите се решаваат, меѓу нив се и усогласувањата на царинските ставки, кои што започнаа да се имплементираат од 50 отсто од 1 јули оваа година. Останатите 50-тина проценти ќе почнат од 1 јануари следната година. Генерално ако ја заокружиме перспективата овде и перспективата во Македонија, тогаш можам да кажам дека не се случајни оние индикатори коишто ги имавме во економијата во првиот квартал оваа година, во третиот и четвртиот квартал минатата година кога веќе имаме три последователни квартали со раст над 3 проценти, што претставува еден од водечките резултати според растот на бруто домашниот производ на државата во Европа. Ова е втор квартал што измина, за којшто треба наскоро да се објават податоците, очекуваме исто така голем раст, нагласи Мицкоски.

Како Влада, додаде, продолжуваме да креираме добра бизнис клима, стабилност, за да имаме квалитетни работни места, што повеќе работни места и оние коишто ја напуштија Македонија да ги вратиме дома.

-Владата сака да биде пријател на бизнисот и така и ќе продолжи да се однесува, порача Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На Богородица спречен обид за криумчарење 4.577 парчиња небезбедни лекови
Следна Статија Министерството за здравство ги проверува тврдењата за наводни непотребни медицински интервенции

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: За 20 проценти се зголемени платите на социјалните работници

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање посочи дека колективниот договор потпишан од Министерството за социјална политика,…

August 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Потпишан договор за изградба на гасоводен интерконектор со Грција, најголема енергетска инвестиција во последните 10 години

Потпишан е договорот за изградба на гасоводниот интерконектор со Грција. Изградбата ќе трае 22 месеци, а гасоводот ќе биде во…

May 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Комисијата влегува во АНБ, ќе се утврдува одговорност за петгодишното прислушување

Собраниската комисија за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање утре во 10 часот ќе…

September 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Работиме сонот Македонија да биде домаќин на три раскрсници да стане реалност

Денеска за нас ова претставува значаен момент бидејќи после две години, буквално после две години, ветувања и празни муабети денеска…

October 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?