Европската комисија со нетрпение очекува што е можно поскоро почеток на преговорите по поглавја со Албанија и Македонија вели портпаролката на ЕК за проширување, соседска политика и меѓународни партнерства Ана Писонеро
„Нашиот став е многу јасен, Комисијата со нетрпение очекува почеток на преговорите по Кластерот „Основи вредности“ што со Албанија и со Македонија што е можно поскоро, откако Македонија ќе ги исполни релевантните критериуми што се договорени со Советот“, изјави Писонеро во одговор на прашањето за ставот на ЕК за „раздвојувањето“ на Тирана и Скопје на европскиот пристапен пат.
Таа додаде дека тие „релевантни критериуми“ ги вклучуваат уставните амандмани за вклучување на Бугарите во Уставот.
Европскиот совет ја повика Македонија да го забрза спроведувањето на овие измени“, изјави Писонеро, додавајќи дека одлуките за следните чекори во пристапниот процес се во надлежност на земјите членки на ЕУ, а не на Европската комисија.
Како што потврди денеска унгарското претседателство со Советот на ЕУ за МИА, КОРЕПЕР донесе одлука Албанија на 15 октомври да го започне преговарачкиот процес за членство во ЕУ по поглавја, со отворање на преговорите по Кластерот 1 – „Основи вредности“. Со ваквата одлука Албанија практично ќе биде раздвоена од земјава на патот кон членство во ЕУ, иако досега двете земји се движеа во пакет во пристапниот процес.