Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За мајката на која ѝ пукна водењакот кога дозна дека сопругот е почина, за полицајците кои миеле повредени и менувале инфузии…
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > За мајката на која ѝ пукна водењакот кога дозна дека сопругот е почина, за полицајците кои миеле повредени и менувале инфузии…
ХРОНИКА

За мајката на која ѝ пукна водењакот кога дозна дека сопругот е почина, за полицајците кои миеле повредени и менувале инфузии…

Објавено March 27, 2025 10:56
Сподели
Сподели

Kружи вирален статус за вистинските херои од Кочани. Велат: „Нешто што нема да го прочитате и видите на друго место, а никој не ги спомнува…“

За вистинските херои од Кочани – нешто што нема да го прочитате и видите на друго место, а никој не ги спомнува:

– За мајката на која ѝ пукна водењакот кога дозна дека сопругот е починат и се породи два дена подоцна
– За шоферите на Брзата помош од кој едниот заврши на Кардиологија, а другиот во Јесеново
– За полицајците кои ваделе свои повредени колеги и деца починати и повредени деца на колеги. За полицајците кои во болницата миеле повредени и менувале инфузии и преврзувале
– За командирот на пожарната во Кочани кој е во болница
– За дечките од Црвениот крст, пред сè од Кочани
– За матичните лекари и медицински сестри од кочанско и виничко
– За доброволните пожарникари од Кочани кои од џеб даваат пари за да имаат гориво за возилата и нивна регистрација, како и плаќаат данок на државата за увоз на протовпожарни камиони
– За кочанските таксисти кои биле ударна сила при транспортот до кочанската болница на многу повредени и, за жал, починати.
– За цивилите кои со сопствени возила однеле повредени директно за Скопје
– За детето од Македонска Каменица кое извлекло неколку преживеани лица кои сведочат како биле спасени од него
– За Филип, Андреј, Марко, Никола, Давор, Илија, Петар, Игор, Мирче, Давид, Борис… и безброј други дечки кои од дома дошле и извлекле доста лица ризикувајќи си го своите животи, па така сега се по болници
– За родителите кои го загубија второто свое дете, откако пред неколку години во странство им беше убиена и ќерката
– За родителите на чии раце пред болницата на клупа им починаа децата
– За докторките, докторите и медицинските сестри кои сопствените деца ги примиле и виделе кобната вечер повредени и кои, за жал, се лечат во странство и се во тешка ситуација и понатаму
– За ќерката на обвинителот која исто така се бори за живот
– За неколкуте дечки кои скршиле ѕид од гипс и ослободиле простор помеѓу ходникот и излезната врата, потег со кој се спасиле многумина

Има уште многу бројни знајни и незнајни херои на дело, а не на рекла казала и желни за лајк повеќе и медиумско внимание.

Затоа не долевајте сол на раната, особено не на нереални и преувеличени работи во момент кога тагата е огромна, а истата тага може да премине и во револт.

View this post on Instagram

A post shared by Шири Православие- ☦️МПЦ-ОА🇲🇰 (@macedonianorthodox)

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Нова снимка од пожарот во Кочани: „Излегувај, се запали Пулс“
Следна Статија Случајот го пријавил нејзината мајка: Жртвата на насилникот од Радовиш не сакала да поднесе предлог за гонење, рекла дека снимката е од лани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Министерството за правда прекумерно зело уреди на новинарка

Министерството за правда тврди дека се придржува кон Законот за заштита на приватноста, иако не го споменале во налогот за…

February 8, 2026
ХРОНИКА

По полноќ пронајден починат маж во Кисела Вода

50-годишен скопјанец по полноќ пронајден починат во дом во Кисела Вода. Денеска (20.08.2025) во 01:20 часот во Полициската станица Кисела…

August 20, 2025
ХРОНИКА

Полициски службеник доби кривична за оддавање службена тајна

На 30.03.2025, по претходно добиени сознанија за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик, од…

March 31, 2025
ХРОНИКА

Кривична пријава против поранешен помошник министер и раководител во сектор за набавки во МВР

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднела кривична пријава против Ж.Т.…

January 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?