Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Институтот за јавно здравје со препораки за Велигденскиот пост
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Институтот за јавно здравје со препораки за Велигденскиот пост
ЗДРАВЈЕ

Институтот за јавно здравје со препораки за Велигденскиот пост

Објавено February 24, 2026 16:46
Сподели
Сподели

Институтот за јавно здравје излезе со препораки за намалување на ризиците поврзани со исхраната за време на пост.

Постот претставува период на доброволно воздржување од одредени намирници или потполн прекин на внес на храна во определен период, што доведува до промена на вообичаените навики во исхраната. За да се одржи доброто здравје и функционалноста на организмот, потребно е внимателно планирање на оброците и следење на основните нутритивни принципи, појаснуваат оттаму.

ИЈЗ дава препораки на што треба да се внимава:

 

Рамнотежа во исхраната: И покрај ограничувањата, оброците треба да бидат разновидни и да обезбедат доволен внес на јаглехидрати, растителни протеини, здрави масти, витамини и минерали.

Хидратација: Потребно е редовно внесување на течности. Недоволниот внес на вода може да доведе до замор, главоболки и нарушена концентрација. Лицата кои за време на прекин на внес на храна не внесуваат ни течности, треба да планираат континуиран, постепен и умерен внес на вода во периодите кога внесуваат храна, за да се спречи брзо исфрлање на водата од организмот.

Квалитет на храната: Препорачливо е да се избегнува пржена, премногу солена или засладена храна, бидејќи може да предизвика дехидратација, дигестивни тегоби и нагли промени на нивото на шеќер во крвта.

Доволен внес на протеини: Во периоди кога се избегнуваат животински производи, потребно е да се вклучат мешунки, јаткасти плодови, семки и интегрални жита.

Потенцијални ризици по здравјето се:

 

Пад на енергија и концентрација: Неправилно планираните оброци може да доведат до слабост, раздразливост и намалена работна способност.

Дехидратација: Особено ризична при подолги периоди без внес на течности по кои следи брз и обилен внес на течност која брзо ќе се исфрли од организмот.

Недостаток на микронутриенти: Ограничената исхрана може да резултира со недоволен внес на железо, витамин Б12, калциум и омега 3 масни киселини.

Дигестивни проблеми: Прејадувањето може да предизвика надуеност, киселини и чувство на тежина.

Препораки од ИЈЗ за намалување на ризиците

 

Планирање на оброците: Подготовка на план за исхрана за неколку дена однапред помага да се избегне импровизирање со храната и намалување на здравствените ризици.

Постепено јадење: По подолг период без храна, се препорачува започнување со лесни оброци (супи, овошје, салати), а потоа постепено воведување покалорична храна.

Вклучување на нутритивно богати растителни извори: Леќа, грав, наут, сусам, спанаќ, киноа, тофу и други намирници богати со протеини и минерали.

Одржување на стабилен внес на течности: Првичен избор треба да е вода, а се препорачуваат и билни чаеви и супи. Треба да се избегнуваат газирани и засладени пијалаци.

Следење на сигналите на организмот: Во случај на изразена слабост, вртоглавица или други симптоми, потребно е да се направи пауза и да се побара совет од лекар.

Користење на додатоци на исхраната (суплементи)

 

Во периоди на пост, кога исхраната може да биде ограничена по одредени нутритивни групи, можно е да се појави потреба од додатоци на исхраната како што се витамини, минерали или омега 3 масни киселини.

 

Важно е да се знае дека:

 

Додатоците на исхраната не се замена за балансирана исхрана. Тие служат само како дополнување кога со храна не може да се обезбеди доволен внес на одредени нутриенти.

Потребна е претпазливост при изборот. Некои додатоци може да не бидат соодветни за сите лица, особено за оние со хронични заболувања или лица кои земаат терапија.

Консултацијата со лекар е задолжителна. Пред започнување со користење на каков било додаток на исхраната, потребно е да се добие стручен совет од лекар или друг здравствен професионалец, со цел да се избегнат несакани реакции, интеракции со терапија или непотребно внесување на одредени супстанции

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Gold Rises as Trump Tariff Defeat Throws Trade Deals Into Doubt – Bloomberg
Следна Статија Нема пушење електронски цигари во затворено, ќе се забрани продажба на сите вкусови кои се благи и атрактивни за младите, соопши министерот Алиу

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Лесна облека, многу вода, да не се престојува на сонце: ИЈЗ со препораки за заштита од високите температури

Со порастот на температурите ширум земјата, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денес објави низа препораки за заштита на населението од…

June 8, 2025
ЗДРАВЈЕ

Д-р Даниловски за појавата на мајмунските сипаници во Македонија: Што треба да знаете за оваа заразна болест?

Вчера се потврдени два случаи на мајмунски сипаници (mpox) во Македонија. Познатиот доктор епидемиолог Драган Даниловски појаснува што треба да знаете за…

May 23, 2025
ЗДРАВЈЕ

Децата во Македонија на возраст од 6 до 9 години јадат најмалку зеленчук и овошје во Европа,

Децата во Македонија на возраст од 6 до 9 години јадат најмалку овошје и зеленчук во Европа за разлика од…

March 4, 2026
ЗДРАВЈЕ

Д-р Трајковски: Последиците од азбестот се страшни и предизвикуваат разни проблеми

Д-р Бојан Трајковски објасни кои се штетните последици од вдишувањето на азбест во случајот со пожарот во дискотеката во Кочани,…

March 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?