Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кардиохирургот Едис Љајиќ по потекло од Македонија со помош на роботски систем во Германија оперираше скопјанец со коронарна срцева болест
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Кардиохирургот Едис Љајиќ по потекло од Македонија со помош на роботски систем во Германија оперираше скопјанец со коронарна срцева болест
ЗДРАВЈЕ

Кардиохирургот Едис Љајиќ по потекло од Македонија со помош на роботски систем во Германија оперираше скопјанец со коронарна срцева болест

Објавено February 11, 2026 15:33
Сподели
Сподели

Македонски државјанин од Скопје, кој во моментов живее и работи во Германија, е опериран со хируршкиот роботски систем da Vinci на Клиниката за кардиохирургија во Центарот за срце во Дуизбург, Германија. Операцијата ја извел тим предводен од доктор Едис Љајиќ, кардиохирург, специјализиран за минимално инвазивна кардиохирургија и раководител на секторот за роботска кардиохирургија, кој исто така е по потекло од Македонија.

Јас и мојот тим од Дуизбург ја имавме честа нашиот сограѓанин да го оперираме со хируршкиот роботски систем da Vinci, со кој ние рутински ги изведуваме овие интервенции, што е најсовремена, минимално инвазивна метода. Станува збор за 31-годишен пациент, маж, со дијагностицирана коронарна срцева болест, кој беше примен на нашата клиника. Операцијата траеше околу два и пол часа и помина одлично. Пациентот се опоравуваше брзо и без компликации и само пет дена по операцијата на отворено срце ќе биде отпуштен на домашно лекување, во одлична општа состојба, вели за МИА доктор Љајиќ.

Љајиќ појаснува дека пациентот моментално престојува во Германија поради привремена, сезонска работа и е здравствено осигуран преку германскиот работодавач, а не преку македонскиот Фонд за здравствено осигурување.

Фото: Д-р Едис Љајиќ

Тој е првиот македонски пациент кој е опериран со оваа високо модерна роботска техника, и тоа од страна на друг македонски граѓанин, вели докторот.

Едис Љајиќ работи како кардиохирург на Клиниката за кардиохирургија во Центарот за срце во Дуизбург, Германија. Специјализиран е за минимално инвазивна кардиохирургија и го води секторот за роботска кардиохирургија во оваа здравствена установа.

Како што појаснува, овој тип кардиохирургија претставува најсовремена техника која во Германија моментално се изведува само во два центри – тој во Дуисбург и во реномираната клиника „Шарите“ во Берлин. На ниво на цела Европа, додава, ваков тип на кардиохирургија се спроведува во не повеќе од 15 центри.

Фото Доктор Едис Љајиќ

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонски возач казнет во Германија поради надминување на дозволените 90 дена
Следна Статија Орбан: Војната во Украина е како миграцијата – кога еднаш ќе започне, тешко запира

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

Министерството за здравство информира дека сите граѓани имаат можност да пријават сознанија за евентуални неправилности во врска со вршењето кардиолошки…

August 27, 2025
ЗДРАВЈЕ

Грипот зема замав во Македонија

Во периодот од 8 до 14 декември, во Македонија се пријавени 126 случаи на грип и заболувања слични на грип,…

December 21, 2025
ЗДРАВЈЕ

ИЈЗ: Шеесетгодишен кумановец почина од ковид-19

Минатата недела е регистриран смртен случај на лице заразено со ковид-19, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во својот…

January 28, 2025
ЗДРАВЈЕ

Македонија го добива првиот Водич за перименопауза – историски исчекор кон системска грижа за женското здравје

За првпат во Македонија, жените и здравствените професионалци добиваат Водич кој се базирана на медицина заснована на докази кој на…

September 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?