Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: КЗК со апел: Трговците мора да ги прекинат нефер практиките
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > КЗК со апел: Трговците мора да ги прекинат нефер практиките
ЕКОНОМИЈА

КЗК со апел: Трговците мора да ги прекинат нефер практиките

Објавено April 23, 2025 14:40
Сподели
Сподели

Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) денеска упати повик до сите големи трговски синџири, супермаркети, добавувачи и дистрибутери да постапуваат строго согласно Законот за забрана на нефер трговски практики („Службен весник на РСМ бр. 66/24“) со цел, како што велат, да се обезбеди фер, транспарентен и законски пазар во интерес на економијата, производителите и потрошувачите.

Комисијата потсетува дека законот забранува злоупотреба на значителна пазарна моќ, вклучувајќи еднострани промени на договори, неосновани одложувања на плаќања, принудно враќање на производи, наметнати трошоци и други условувања кои ја нарушуваат рамноправната позиција на учесниците на пазарот. Посочуваат дека секој трговец кој врши притисок врз добавувач, го уценува или диктира услови надвор од законскиот и договорниот основ е предмет на прекршочна постапка и ризикува сериозни санкции.

– Законот е јасен – фер трговија не е опција, туку обврска. Ние не се бориме против бизнисот, туку против неправдата. Онаму каде што се наоѓа злоупотреба, Комисијата ќе постапува. Но, целта не е репресија, туку воспоставување култура на фер пазарна игра, се вели во писмената изјава на претседателката на КЗК Малинка Силјановска Николиќ.

Таа повикува на одговорност, саморегулација и конструктивна соработка, потенцирајќи дека најсилната економија е онаа во која сите играат според истите правила.

– Комисијата не е непријател на бизнисот, туку чувар на правилата. Односите меѓу трговците и добавувачите мора да бидат базирани на рамноправност, предвидливост и договор, а не на притисок, уцени и неформални условувања. Само на тој начин може да се создаде стабилен пазар на кој сите имаат еднаква шанса да успеат, додаде Силјановска Николиќ.

Комисијата ги охрабрува сите економски субјекти кои се чувствуваат изложени на нефер услови или притисоци да поднесат пријава. Тие, како што наведуваат, ќе бидат третирани со сериозност, професионалност и целосна заштита на идентитетот.

– Законот е на нивна страна, а Комисијата е тука за да обезбеди да се спроведе. Во периодот што следува, КЗК ќе продолжи со: проактивен мониторинг на трговските синџири и поголем број теренски контроли, отворен дијалог со добавувачи и комори за препознавање на нефер практики, правна заштита и постапки против компании кои систематски го нарушуваат законот и едукација на економските субјекти преку јавно достапни упатства, анализи и препораки. Ова е повик за избор: ќе бидеме пазар во кој доминираат договори зад затворени врати или систем во кој важи принципот на фер шанса за секого. Комисијата избира транспарентност, законитост и доверба. Очекуваме истото и од сите учесници во трговијата, стои во соопштението од Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК).

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Не е време за пиво и скара, туку за протест за 500 евра минимална плата и 100 евра зголемување на другите плати, повика ССМ
Следна Статија Јакимовски осуден на три ипол години затвор за бесправна изградба на објекти за општината

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Преку заедничка соработка на јавниот и приватниот сектор до поголем извоз и раст на економијата

Клубот на извозници, Националниот совет за извоз и Институтот за извоз ќе претставуваат столб на Комората во наредните 10 години.…

December 19, 2024
ЕКОНОМИЈА

Средба на гувернерката Ангеловска-Бежоска со ИФЦ по повод проектот за дигитални финансии

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, заедно со вицегувернерката Емилија Нацевска, остварија средба со претставници на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ)…

December 16, 2024
ЕКОНОМИЈА

Годишен раст на зелените кредити од 8,5% заклучно со 2024 година

Податоците за зелените кредити доставени од банките покажуваат раст во четвртиот квартал од 2024 година. На крајот на декември 2024…

April 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Девизните резерви во октомври зголемени за 568,9 милиони евра

Девизните резерви на крајот на октомври годинава изнесувале 4.975,6 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за…

November 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?