Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Костадиновси: Нема да се појавам во Собранието за неуставна интерпелација, заборавете на правна држава ако се воведе Бадентерово мнозинство во Уставниот суд
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Костадиновси: Нема да се појавам во Собранието за неуставна интерпелација, заборавете на правна држава ако се воведе Бадентерово мнозинство во Уставниот суд
МАКЕДОНИЈА

Костадиновси: Нема да се појавам во Собранието за неуставна интерпелација, заборавете на правна држава ако се воведе Бадентерово мнозинство во Уставниот суд

Објавено June 13, 2025 19:32
Сподели
Сподели

Оправдано е да постои судски механизам за поништување на поединечните акти донесени во Собранието, но во одлуката за поништување на изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска спорен е тајмингот, вели претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски.

Тој упати повик до законодавниот дом да ги скрати роковите за постапување на Управниот суд.

– Дилемата за постапката на Управниот суд се јавува околу тајмингот. Одлуката е донесена после 2 години и тоа создава сомнежи. Многу луѓе може да ја толкуваат на разни начини, дали е влијание, дали е поради Законот за јазиците, секој ќе најде по некое објаснување. Но, еве овој преседан што се случи нека биде повик до Собранието да интервенира во законот и да одреди многу пократки рокови за постапување. Лично сметам дека мора да постои судска контрола на актите кои ги носат и Собранието и Владата, бидејќи не може да останат да не може да се побијат, тогаш влегуваме во друг вид на уредување на државата. Но, тајмингот е спорен и потребни се кратки рокови. Управниот суд има таква пракса со изборите и носи одлуки во рок од, на пример, 7 дена, 15 дена, еве месец дена, за да не настануваат штетни последици – рече Костадиновски во интервју на Сител.

Костадиновски ги објасни постапките што се преземени во Уставниот суд по добивање на пресудата на Управниот суд за поништување на изборот на Дуковска.

– Дента кога јас ја примив пресудата свикав работен состанок. На тој работен состанок изградивме став и тој став е официјален. Кажавме дека нема да ја коментираме пресудата, кажавме дека е преседан и ги кажавме двете први последици од таа одлука. Правниот основ за засновање работен однос претставува еден формулар М1 и Одлука за избор. Во моментот кога таа одлука е поништена, тогаш се губи правниот основ за постоење на работен основ. Тоа е еден аспект, а вториот аспект е дека јас имам пресуда против која се нема право на жалба. Мене ми е навистина жал, бидејќи и судијката Елизабета Дуковска нема никаква вина, но јас имам пресуда. Непочитувањето на судска пресуда е кривично дело, јас бев должен да ја почитувам пресудата на Управниот суд – рече Костадиновски.

Прашан дали има реални можности да се воведе принцип на гласање со т.н. Бадентерово мнозинство во Уставниот суд, Костадиновски е дециден дека тоа ќе предизвика штета на владеењето на правото и на слободите и правата на граѓаните.

– Дел од квалификациите кои ги добивавме во изминатиот период од одредени политички структури беа дека во Судот било моноетничко гласањето, политичко итн. И во тој контекст слушнав дека е потребно да се воведе и Бадентерово гласање. Најодговорно, пред целата македонска јавност кажувам, доколку се случи такво нешто, да се воведе Бадентер во Уставниот суд, граѓаните може да заборават на правната држава и на владеењето на правото. Тогаш се губи смислата на постоењето на таков орган каков што е Уставниот суд, кој е контролор на сите три власти – категоричен е Костадиновски.

Бадентерот, додава тој, е механизам корисен и нужен за политички органи како што е Собранието.

– Доколку се воведе Бадентер во Уставниот суд, тогаш и контролорот ќе биде блокиран во работата. Се губи смислата на постоењето на Уставниот суд. Подобро е да го укинат Уставниот суд отколку да воведат таков механизам што ќе преставува блокада. Тогаш не се исполнува суштината на нашата работа, тогаш други критериуми ќе бидат важни за одлучувањето. Етничките. И колегите ги предупредувам и на јавноста ѝ кажувам, ние уставните судии кога ќе ги облечеме тогите треба да заборавиме што сме по националност, која религија сме, социјална, политичка итн. Ние имаме една задача – да го чуваме Уставот – вели тој.

Во врска со најавената интерпелација во Собранието против него од страна на пратениците од Европскиот фронт, претседателот на Уставниот суд рече дека на тоа гледа како на комплимент.

– Повеќе пати имам кажано, не сакам да ги коментирам политичките изјави. Овој потег на политиката го разбирам како комплимент за Уставниот суд. Штом се нервозни од Уставниот суд, тоа е најдобар показател дека сме на правиот пат. Кога Уставниот суд изградил став, тој е највисокиот авторитет што го толкува Уставот. Тој механизам за политичка контрола е апсолутно неподобен за уставните судии. Тогаш не треба да има дилема. Уставниот суд е органот што го контролира Собранието, неговите закони и замислете ако се доведе во прашање можноста да се прават интерпелации што може да се толкува на различни начини, влијание, притисок, тогаш не можеме да зборуваме за состојба на уставност. Уставниот суд го има апсолвирано ова прашање. Ниту планирам да се појавам во Собранието, мојот став е јасен. Единствено што можам да направам е да апелирам до сите политички чинители, не декларативно, туку вистински да се посветат на владењето на правото. Правилно да ги разбираат пораките што ги добиваме од нашите стратешки партнери кои континуирано повторуваат дека е неприфатливо влијанието во судската власт и уште помалку во уставно-судската власт – рече претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Меџити: Затворени се 226 онлајн казина
Следна Статија Американец пронајден мртов во Претор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Извршителите минатата година наплатиле околу 160 милиони евра, тврдат дека цените на нивните услуги не биле високи

Извршител од Скопје доставува налог за извршување до образовна институција во која е вработен интелектуалец, но оттаму добива информација дека…

February 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дворот на универзитетската библиотека „Свети Климент Охридски“ како буниште, обраснат во трева, ѓубре, човечки измет… (ВИДЕО)

Новинарот на Канал 5, Александар Видиновски, кој редовно објавува за катастрофалната состојба во која се наоѓа Скопје во однос на…

August 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во Струмица се одржа свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка

Во Струмица денеска се одржа свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка, која на Градскиот плоштад во Струмица беше…

April 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нова машина за печатење на лични документи која тројно ќе го зголеми капацитетот

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес беше во одделението за персонализација во МВР каде беше промовирана новата машина за…

November 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?