Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Костадиновски на меѓународен симпозиум по повод 63-годишнина од Уставниот суд на Република Турција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Костадиновски на меѓународен симпозиум по повод 63-годишнина од Уставниот суд на Република Турција
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски на меѓународен симпозиум по повод 63-годишнина од Уставниот суд на Република Турција

Објавено April 26, 2025 18:42
Сподели
Сподели

 Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски и шефот на кабинетот Екрем Халимовски, вчера и денеска во Истанбул учествуваат на Меѓународен симпозиум по повод 63 години работење на Уставниот суд на Република Турција. Исто така, тие во Истанбул имале средба и со претседателот на турската фондација Маариф,  Махмут М. Оздил.

Како што информира Уставниот суд на РСМ, во своето обраќање на симпоизумот по повод годишнината од Уставниот суд на Турција, Костадиновски истакнал дека „пријателските и братските односи помеѓу Македонија и Турција имаат длабоки историски корени коишто се темел за искрена и долготрајна соработка“. Нашето стратешко партнерство, посочил Костадиновски, „се темели на заедничка историја, традиции, обичаи и заеднички вредности“.

-Во таквата реалност, последните години сведоци сме и на јакнење на правната и судската соработка меѓу двете држави. Особено значајна е соработката меѓу уставните судови на Република Северна Македонија и Република Турција, кои преку заеднички средби и размена на искуства придонесуваат за унапредување на владеењето на правото, почитувањето на човековите права и независноста на судската власт. Овие односи претставуваат пример за тоа како правните институции можат да бидат мост на пријателство и заемна поддршка. Во нашите братски односи секогаш сме покажале и доследно сме го испрочитувале начелото дека Македонија ќе ги брани интересите на Турција таму каде што не е присутна Турција, и обратно, Турција ги штити интересите на Македонија таму каде што не е присутна Македонија. Очекувам во иднина пријателските односи да продолжат со уште по големо темпо со отворено срце, со визија и посветеност, истакнал Костадиновски.  

Покрај него, се наведува во соопштението, на симпозиумот учествуваат претседатели и судии на меѓународни судови и институции: Африканскиот суд за човекови права, уставните судови на: Албанија, Азербејџан, Бахраин, Белорусија, Бенин, Бугарија,  Казахстан, Косово, Црна Гора, Романија, Русија, Србија, Узбекистан и претставници на врховни судови од светот, претставници на Советот на Европа и на Венецијанската комисија при Советот на Европа, судии на Европскиот суд за човекови права, Светската  правна асоцијација и еминентни професори од универзитетите во Турција. 

Тема на меѓународниот симпозиум е „Иднината на уставното судство во 21 век“ и се одржува во две сесии „Уставната правда во дигиталната ера“ и „Новите предизвици и можности на уставната правда“. 

-Во рамките на церемонијата со која се одбележува 63-годишнината на Уставниот суд на Република Турција, во Палатата на Долмабахче сарај беше присутен и претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, и претседателот на Уставниот суд на Република Турција, Кадир Озкаја, остварија кратка срдечна средба со претседателот Ердоган на која го информираа за одличната соработка меѓу двата уставни суда, при што претседателот Ердоган упати топли поздрави до граѓаните на Македонија и ги повика да ги продолжат братските и искрени односи како и нивната соработка, соопшти Уставниот суд на РСМ. 

Костадиновски го продолжува учеството на меѓународниот симпозиум на денешната сесија на тема „Уставното судство во дигиталната ера и ефектите на AI“.

Уставниот суд информира дека за време на работната посета на Истанбул, Костадиновски завчера (24 април) остварил средба и со претседателот на Турската Маариф фондација, Махмут М.Оздил. 

-На средбата, претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, им го честита неверојатниот успех на Фондацијата, особено што само за  девет години имаат основано вкупно 495 училишта во 55 држави. Претседателот Костадиновски истакна дека Турската фондација Маариф успешно работи и во Република Северна Македонија и напомена дека неодамна има остварено средба со претставниците во Република Северна Македонија, се наведува во соопштението на Уставниот суд на Република Северна Македонија. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Новак Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на турнирот во Мадрид
Следна Статија (ВИДЕО) Дали Макрон избегна ракување со Трамп?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонска државјанка протерана од Србија, македонското министерство бара објаснување

Извршната директорка на Здружението за поддршка на лица со посебни потреби СОЛЕМ Искра Росо е македонската државјанка и претставничка на…

January 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Eден од сопствениците на дискотеката во Кочани барал одобрение уште во 2012 година, тогашниот градоначалник не дозволил

„Бараме да не се издава одобрение или лиценца за дискотека или ноќен клуб“, се вели во документ од Општина Кочани…

March 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Забрана за дронови на територијата на Кочани и Штип

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и сите корисници на воздухоплови без екипаж (дронови) дека од страна на Агенцијата…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски најави нови 600 вработувања во МВР

Во МВР потребен е човечки кадровен потенцијал и можам да објавам дека веќе овој месец се планирани нови 600 вработувања,…

December 14, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?