Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривична за пратеникот Јанчев за сообраќајката во која загина 16-годишниот Матеј
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кривична за пратеникот Јанчев за сообраќајката во која загина 16-годишниот Матеј
ХРОНИКА

Кривична за пратеникот Јанчев за сообраќајката во која загина 16-годишниот Матеј

Објавено December 20, 2025 14:29
Сподели
Сподели

Непрописно свртување на автомобилот на пратеникот, но и низа пропусти кај возачот на моторот – ова се наодите на Обвинителството за несреќата во која учествуваше пратеникот Сашко Јанчев од Левица, а во која загина малолетник во Марино.

Истрагата покажала дека Јанчев, додека го управувал својот „Хјундаи тусон“ по полноќ на 14 септември, свртел непрописно и го попречил патот на другите учесници.

Сепак, обвинителниот акт открива и детали за другата страна: во автомобилот на пратеникот удрил мотор „Јијинг“ кој бил без регистарски ознаки и без вградени светла. Моторот го управувал 16-годишниот Матеј Димовски без возачка дозвола, а ниту тој, ниту 13-годишното девојче кое се возело со него и е тешко повредено, не носеле заштитни кациги.

И покрај овие околности, ОЈО смета дека примарната вина за загрозување на јавниот сообраќај паѓа на возачот на автомобилот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ за анкетата на ИПИС: Стара школа на Груевски, нова препишувачка школа на Вучиќ
Следна Статија Германците сè помалку трошат, стравуваат од инфлација

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

ОЈО: Додека сведокот и осомничениот седеле пред зградата, Ивана се заклучила и го извршила самоубиството

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор против Стојанче Јовановски, за кого постои основано сомнение дека сторил…

March 7, 2026
ХРОНИКА

Директорот на „Комунална хигиена“ Сабахадин Рустеми си поднел оставка

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје Сабахадин Рустеми си поднел оставка од функцијата поради морални причини. Ова го соопшти неговиот адвокат…

October 29, 2025
ХРОНИКА

МВР: Пронајден е човечки леш во фаза на распаѓање во Зрновци

Труп на жена во фаза на распаѓање е пронајдено во с.Зрновци во местото викано Ѓошевски орев во близина на Зрновска…

March 21, 2026
ХРОНИКА

Расчистено убиството пред угостителски објект во Струмица

СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.Х.(18) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ и…

December 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?