Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кузеска до ВМРO-ДПМНЕ: Ако СДСМ прислушувала, зошто се плашите да декласифицирате?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Кузеска до ВМРO-ДПМНЕ: Ако СДСМ прислушувала, зошто се плашите да декласифицирате?
ПОЛИТИКА

Кузеска до ВМРO-ДПМНЕ: Ако СДСМ прислушувала, зошто се плашите да декласифицирате?

Објавено September 7, 2025 14:12
Сподели
Сподели

Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да се извади од кашата во која самите се ставија, откако се заиграа со измислени шпионски афери за да дефокусираат од сопствената неспособност.

Случајот со АНБ која сакаа да го претстават како афера очигледно со месеци го спремале за пред избори и требаше да биде некакво оружје против СДСМ, но им пукна како бомба во раката.

Им порачуваме јасно и гласно: Декласифицирајте!

Не чекајте ништо, не одолговлекувајте, не бегајте. Нека видат граѓаните дали бил вистински следен премиерот, кој бил следен, со кого комуницирал тој.

Бидете еднаш во вашето 30-годишно постоење храбри и чесни, барем тоа му го должите на овој народ. Па сите кои злоупотребиле – нека одговараат.

Од што се плашите?

Дали се плашите дека содржината на овие документи ќе ја разоткрие вистината – врските на премиерот со странски служби од непријателски држави?

Дали е точно дека оперативната обработка која ја воделе АР и АНБ, а која власта упорно одбива да ја декласифицира, се однесува на откривање руски агентурни мрежи, екстремизам и финансирање на дестабилизација на државата?

Дали е точно дека Мицкоски, иако не бил цел на следење, влетал во комуникација со лица кои работат на дестабилизација на Македонија, финансирани со странски пари?

И најважното: дали дел од тие финансии завршиле лично кај Христијан Мицкоски или во сефовите на Белата Палата?

Затоа сега имате шанса – декласифицирајте! Тоа можете да го направите за еден ден, согласно закон. Секако, ако не се плашите.

Неспособноста со која ја водите државата ве бутка секој ден во сѐ поголеми лаги, во сѐ поголеми измислени крими-скандали, жолти комбиња, дронови што го следат премиерот, дестабилизации.

Цели 15 месеци не видовме разрешница на ниедно од овие сценарија. Вашите криминални романи никогаш немаат крај.

Ова е чесна понуда од СДСМ – ние немаме од што да се плашиме. Прашањето е: од што се плаши власта и Мицкоски?, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Нашата економија во вториот квартал забележа реален раст од 3,4 отсто и е меѓу петте земји во Европа
Следна Статија ВМРО-ДПМНЕ: Поранешниот директор на АНБ призна дека во време на власт на СДС биле следени членови на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ахмети: Албанците нема да дозволат повторно да бидат „слуги во сопствениот дом“

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, синоќа на собир во Арачиново, му се обрати на премиерот Христијан Мицкоски прашувајќи го зошто…

May 17, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Наскоро нови имиња кои ќе ги заменат оние кои заминаа во прегратките на Ахмети и на ДУИ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека ќе номинираат нови имиња на местото на Алијанса за Албанците, крило на Арбен Таравари,…

May 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Како внатрешната контрола го открила скандалот во АНБ со прислушкувањето: Паднеле на полиграф па признале дека креирале лажни службени белешки

Креаторите на службените белешки во Агенцијата за национална безбедност (АНБ) признале дека пишувале лаги и измислици за повеќе јавни личности…

September 3, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка омраза преку фотомонтажи за Кочанската трагедија – осуда и пад на сите етички граници

ВМРО-ДПМНЕ со најостра осуда реагира на срамниот, злонамерен и монструозен обид за политичка злоупотреба на трагичните настани во Кочани преку…

September 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?