Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Легендата на Вардар, Иван Чупиќ нов тренер на „црвено-црните“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Легендата на Вардар, Иван Чупиќ нов тренер на „црвено-црните“
СПОРТ

Легендата на Вардар, Иван Чупиќ нов тренер на „црвено-црните“

Објавено June 20, 2025 16:43
Сподели
Сподели

Ракометарите на Вардар следната сезона ќе имаат нов тренер и тоа ќе биде поранешната легенда на оваа екипа, Иван Чупиќ.

Некогашниот хрватски репрезентативец ќе го наследи Гилјермо Милано и ќе добие можност да се врати во СЦ „Јане Сандански“, каде постигна историски резултати како член на „црвено-црните“.

Во кратката тренерска кариера Чупиќ досега го водеше матичниот клуб Метковиќ, а по искуството во хрватското првенство, сега се сели во Скопје, каде денеска беше промовиран од Вардар на официјална прес-конференција.

Милано претходно мораше да замине од клубот по разочарувачкиот финиш на сезоната и поразот од Еурофарм Пелистер во директниот дуел за титулата во македонското ракометно првенство.

Во стручниот штаб на Чупиќ ќе биде и Марио Келентриќ, кој веќе е промовиран како нов тренер на голманите.

Првиот човек на клубот, Михајло Михајловски, го претстави новиот проект кој стартува со ангажманот на Иван Чупиќ.

„Вардар минатата сезона, за жал, го освои само Купот, а во Европа буквално за влакно не ја поминавме групната фаза. Многу сум разочаран што ја загубивме титулата дома. По тој меч, цела недела не сакав да зборувам за ракомет. Го победивме Пелистер во Битола во пеколна атмосфера, потоа и во Купот лесно го победивме, а на крајот кога требаше дома да славиме, загубивме. За мене, најголем виновник за тој пораз беше тренерот, а потоа играчите. Во новата сезона целта е конечно по три години пост да ја освоиме титулата, а, секако, и Купот да го одбраниме. Во Лигата на Европа целта ќе ни биде да бидеме во топ 8“, изјави Михајло Михајловски.

„Паметите кога во 2017 година Чупиќ во последна секунда му даде гол на ПСЖ за да ја освоиме титулата. Тој уште тогаш покажуваше амбиции да биде тренер, дури и ми предложи тогаш да почне да работи како тренер кај нас. Тогаш тоа ми беше шокантно и го одбив, но сега е подготвен за оваа работа. Тој ќе биде прв тренер на Вардар во новата сезона“, најави Михајловски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Апелација им одреди ефективен притвор на ексдиректорите на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи
Следна Статија Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, осуден на парична казна од 10.000 евра за несоодветни директорски назначувања

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

(Видео) Нестварен пресврт на Реал од 0:2 до 5:2, Штутгарт го шокира Јувентус

Неверојатниот пресврт на Реал против Борусија Дортмунд со пет постигнати гола во второто полувреме, поразот на Јувентус во Торино од…

October 23, 2024
СПОРТ

(Видео) Зеленортските острови прв пат во историјата ќе играат на СП

Фудбалерите на Зеленортските острови го победија Есватини со 3:0 и се квалификуваа за Светското првенство во 2026 година. Оваа репрезентација…

October 14, 2025
СПОРТ

Њу Јорк Никс триумфира во Лас Вегас: Победа над Сан Антонио Спарс во Emirates NBA Купот за 2025 година

Никс ги победија Спарс со резултат 124-113 и го освоија Emirates NBA Купот за 2025 година

December 18, 2025
СПОРТ

Ни поп не може да го натера Аморим да ја смени формацијата

Манчестер Јунајтед сè уште талка на почетокот од новата сезона, а тренерот Рубен Аморим останува доследен на својата филозофија на…

September 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?