Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонската филхармонија и Дурловски со триумф во Златната сала на Музикферајн во Виена
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Македонската филхармонија и Дурловски со триумф во Златната сала на Музикферајн во Виена
ЗАБАВА

Македонската филхармонија и Дурловски со триумф во Златната сала на Музикферајн во Виена

Објавено October 29, 2025 18:01
Сподели
Сподели

Македонската филхармонија го одбележа својот голем јубилеј – 80 години од основањето, со свечен концерт во престижната Златна сала на Музикферајн во Виена, еден од најпознатите музички центри во светот, каде традиционално се одржува и прочуениот новогодишен концерт на Виенската филхармонија.

Како солисти настапија Ана и Игор Дурловски, кои со својата извонредна интерпретација предизвикаа воодушевување кај публиката во преполната сала. Дурловски маестрално ги изведоа македонските песни Кажи Анѓо, Дејгиди луди млади години, Калино моме и уште неколку познати композиции, сите во уметнички аранжмани на композиторот Сони Петровски.

Во вториот дел од концертот, Македонската филхармонија под диригентската палка на маестро Јерухам Шаровски изведе дела од Антонин Дворжак и Бете Илин, додека на бис беше повторно изведено Тешкото од Глигор Смокварски – изведба која предизвика силни емоции и бурни реакции кај присутните.

Публиката ја награди изведбата со долготрајни стоечки овации, со што концертот прерасна во вистински триумф на македонската музичка уметност.

Настапот во Музикферајн претставува значаен момент во историјата на Македонската филхармонија и потврда за нејзиниот висок професионален и уметнички квалитет. Со ова гостување, оркестарот уште еднаш ја афирмира нашата како земја со богата музичка традиција и врвни уметници.

Солистите Ана и Игор Дурловски, музичарите и менаџментот на Македонската филхармонија достоинствено и инспиративно ја претставија македонската култура на една од најпрестижните светски сцени – Златната сала во Виена.

Дурловски на неговиот фејсбук профил објави за впечатоците од настапот на една од најзначајните светски концертни сцени „Музикферајн“ во Виена, и дом на Виенската филхармонија.

-Со Македонската филхармонија имавме концерт синоќа во „Златната сала“ на „Музикферајн“ во Виена, каде музиката ја надмина географијата и стана универзален јазик на радоста и достоинството. Овации од публиката, гордост, љубов и по некоја солза радосница… Честитки драги колеги филхармоничари, маестро Јерухам Шаровски и Сони Петровски за прекрасните аранжмани. Нека ни се множат убајни, напиша Дурловски на социјалната мрежа.

„Музикферајн“ е дом на Виенската филхармонија, место на кое секоја година се одржува и традиционалниот Новогодишен концерт на 1 јануари. Концертната сала датира од 1870 година и е дело на данскиот архитект Теофил Хансен чиј дизајн е инспириран од грчката и римската архитектура. Централно место зазема „Златната сала“ со капацитет од 2.000 седишта, што е позната по својата неверојатна убавина и исклучителна акустика. „Музикферајн“ не е само симбол на Виена и нејзиното богато музичко наследство, туку и центар на светската класична музичка култура. На сцената на „Музикферајн“ низ историјата настапиле најзначајните светски солисти и диригенти – Херберт фон Карајан, Леонард Бернштајн, Клаудио Абадо, Артур Рубинштајн, Владимир Хоровиц, Даниел Баренбојм, Сајмон Ратл, Рикардо Мути, Густаво Дудамел, Ана Софи Мутер, Ланг Ланг, Јо-Јо Ма…, но, и композитори како Јоханес Брамс, Антон Брукнер, Густав Малер и Рихард Штраус, кои токму на оваа сцена ги воделе првите изведби на многу од своите музички ремек-дела,наведуваат од Македонската филхармонија.

Настапот на Македонската филхармонија во Виена е поддржан од Министерството за култура и туризам и од македонската Амбасада во Австрија, како дел од проектот за културна дипломатија и интернационална промоција на македонската уметност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Русија го тестираше „Посејдон“ – подводен дрон што може да носи нуклеарно оружје
Следна Статија Nvidia станува првата компанија во историјата што вреди 5 трилиони долари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

„Војна“ поради резервации со пешкири: Хотелските работници во Грција им се „одмаздија“ на туристите, па станаа хит (ФОТО)

Потег снимен во виралното ТикТок видео предизвика жестока дебата и поделени мислења на социјалните мрежи. Додека „војните за лежалки“ продолжуваат…

July 7, 2025

Извлечени победнички броеви за Powerball jackpot од 1,25 милијарди долари

Огромниот jackpot привлекува масовно внимание и возбуда низ целата земја

December 19, 2025
ЗАБАВА

Утре ја славиме Света Петка, на сон се јавува само поради две причини

Македонската православна црква и нејзините верници утре, на 27 октомври, ја слават заштитничката на жената – Света Петка. Оваа славна…

October 26, 2024
ЗАБАВА

Професор има радикален план да ја подигне Венеција за 30 см: Тоа би му дало на градот грејс период од 50 години

Венеција е позната како „пловечки град“, но и како град што тоне. Во последните сто години, земјата под градот се…

May 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?